Реклама

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Урагански ветришта, двонеделен пеколен бран, сега најава за ново невреме: На што се должат овие нагли перомени?

Страотни пожари во Албанија и Црна Гора: Големиот пожар кај популарниот Херцег Нови стигна до куќите во градот

Свет

По 50 години, човекот повторно се враќа кон Месечината

По цели 53 години луѓето се враќаат на Mесечината, но нема да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По цели 53 години луѓето се враќаат на Mесечината, но нема да стапнат на неа, туку само ќе ја заобиколат.

Утре од вселенскиот центар на Флорида полетува ракетата на мисијата Артемис 2, во која 4 астронуати на НАСА, треба да се упатат кон Mесечината, да влезат во нејзината орбита, да ја заобиколат и безбедно да се вратат назад.

Тие ќе ги тестираат клучните системи на капсулата Орион вклучувајќи ги тие за одржување на живот, навигација и комуникации.

Реклама

Доколку оваа мисија помине успешно, НАСА за следната година ја планира мисијата „Артемис III“, која предвидува спојување на капсулата „Орион“ со лунарните лендери „SpaceX“ и „Blue Origin“.

Овие мисии се само подготовка за планирното слетувањето на месечината, кое е планирано за средината на 2028 година, кога астроунатите ќе престојуваат една недела на месечината, додека следнатa мисија е уште поамбициозна –  да се започне со изградба на лунарна база.

Ако изградбата биде успешна, тогаш ќе бидеме чекор поблиску до патување до Марс со екипаж.

Тимот кои утре ќе полета  ќе биде составен од 3 мажи и една жена, која што ќе биде првата жена која што ќе ја освои месечината.

Ова ќе биде прв ваков лет со луѓе од времето на „Аполо 17“ во 1972 година, што му дава и силна историска тежина.

Четиричлената екипа, која веќе влезе во финална фаза на подготовки и карантин, ќе патува подалеку од Земјата отколку што било кој човек досега стигнал, со потенцијал да постави нов рекорд за оддалеченост.

Оваа мисија не е само тест – таа е предуслов за сите следни чекори, вклучително и идните слетувања на Месечината.

Истовремено, со испитувањата што ќе се вршат на Месечината човештвото ќе се збогати со знаење, а истовремено Месечината може да биде и ресурс за ретки минерали.

Мартин Трајчевски