Реклама

Локализиран пожарот кај „Заград“, пожарникарите и натаму дежураат на критичните жаришта

Македонија се простува од Гоце Тодоровски кој почина на 75 годишна возраст

СДСМ бара оставки од сите, само не од градоначалникот на Гостивар

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Аналитичари: Не постои криза или трагедија од која СДСМ или ДУИ не се обидуваат да профитираат

Лажни македонски информативни портали шират бугарска пропаганда низ интернет просторот

Гостиварци може да здивнат – добија технички исправна вода

Од први септември стартува градскиот воз, големата кражба нема да го попречи планот

Чешиново-Облешево ќе добие прв центар за рехабилитација на штркови

Дивите депонии го гушат Охрид – екоактивистите апелираат да се казнува

Владата е подготвена да интервенира доколку има значителни промени на светските берзи на нафта

Скопје се сеќава – 63 години од катастрофалниот земјотрес

Свет

По 16 години владеење на Орбан, Унгарија почнува нова политичка ера – власта во рацете на десничарската „Тиса“

Шеснаесетгодишниот мандат на Виктор Орбан во Унгарија заврши вчера, со изборниот пораз…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Шеснаесетгодишниот мандат на Виктор Орбан во Унгарија заврши вчера, со изборниот пораз на неговата партија Фидес. Неочекувано високата излезност на изборниот ден, која достигна малку под 80 проценти, на крајот излезе во полза на новоформираната десничарска партија „Тиса“ на Петар Маѓар, која убедливо победи на изборите.

Со обработени 97 проценти од гласовите, Тиса освои 138 места во унгарскиот парламент, додека Фидес има 55 (шест места ќе освои десничарската партија „Ми Хазанκ“). Тиса ќе има неколку пратенички места повеќе од потребното за двотретинско мнозинство, со кое ќе може да смени голем број функционери во судството и регулаторните тела.

Бргу по објавувањето на првичните резултати, премиерот Виктор Орбан им се обрати на своите поддржувачи и го призна поразот.

Реклама

-Изборниот резултат е болен за нас, но е јасен. Граѓаните не ни ја дадоа одговорноста и можноста да владееме и затоа и честитав на победничката партија. Два милиона и петстотини илјади гласачи ни ја изразија довербата. Да им испратиме порака дека никогаш нема да ги изневериме. Во изминатите 30 години сите ние тука поминавме низ многу тешки и лесни мигови, убави и тажни години, и сите во оваа соба и во целата земја знаат дека никогаш нема да се откажеме. Никогаш, никогаш не се откажуваме, порача Орбан на собирот на партиското раководство и поддржувачите.

Шефицата на Европската комисија, Фон дер Лајен, порача дека „Унгарија ја одбра Европа“.

Ова е вторпат Орбан да ја напушта позицијата премиер на Унгарија – неговиот прв мандат траеше од 1998 до 2002 година, а по осум години во опозиција, Орбан се врати на власт во 2010 година и се одржа 16 години, во текот на кои стана водечки десничарски лидер во Европа.

Маѓар ја предводи централно-десничарската партија Тиса, која освои импресивни 30 проценти од гласовите на европските избори во јуни 2024 година, завршувајќи веднаш зад Фидес.