Церемонијата беше сведена исклучиво на воени единици и традиционално прелетување на борбени авиони. Причината, како што наведе Кремљ, е тековната оперативна ситуација и зголемените безбедносни мерки.
Владимир Путин порача дека Денот на победата е најсветиот и најважен празник за Русија, нагласувајќи дека советскиот народ направил одлучувачка жртва во победата над нацизмот и, како што рече, го спасил светот.
Тој направи паралела помеѓу Втората светска војна и сегашната инвазија на Украина, тврдејќи дека руската армија се бори против агресивна сила која е поддржувана и вооружувана од целата НАТО алијанса.

Воената парада се одржа додека во тек е тридневното примирје помеѓу Русија и Украина, договорено со посредство на американскиот претседател Доналд Трамп.
