Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Прилози

Платите растат, авиолинии се отвораат, а за Филипче и опозицијата сè е црно

Полн со критики, но без какви било предлози за решавање и надминување на  проблемите, за кои вели, дека ги создала владата на премиерот Мицкоски. Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, по повод две години од владеењето на коалицијата предводена од  ВМРО ДПМНЕ, ги броеше слабостите во работењето на Владата. Според Филипче, ВМРО ДПМНЕ им ветувала европска […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Полн со критики, но без какви било предлози за решавање и надминување на  проблемите, за кои вели, дека ги создала владата на премиерот Мицкоски. Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, по повод две години од владеењето на коалицијата предводена од  ВМРО ДПМНЕ, ги броеше слабостите во работењето на Владата. Според Филипче, ВМРО ДПМНЕ им ветувала европска иднина на граѓаните, а им донела само изолација. Паричниците и фрижидерите на граѓаните сега биле попразни за разлика од  пред две години и не биле преземени доволно мерки за младите.. филипче пресмета, дека  од се што било ветено, актуеланта влада исполнилети  само 10 проценти..

„После две години граѓаните не добија ни повисок стандард, ни поквалитетен живот, ниту подобри услови за живот, ниту пак пофункционални институции. Не ги добија ветувањата на Мицкоски и ВМРО пред изборите. Едноставно, граѓаните се излажани. 90% од ветувањата дадени пред две години не се исполнети. Практично ништо“, изјави претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Наместо независни институции и владеење на правото, државата се соочува со силна партизација и злоупотреба на институциите, смета првиот човек на СДСМ.

Реклама

„Вистината е дека судството е строго партиски контролирано се делат задачи на собраниска говорница по телефон, на телевизија. Наместо правда и реформи, едноставно има злоупотреба на сите можни институции. Нема никаква борба против криминалот и корупцијата“, изјави претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Од владејачката партија одговорија дека за неполни две години Владата предводена од ВМРО ДПМНЕ, реализирала бројни проекти и политики што придонеле за повисок економски раст, инфраструктурен развој и подобар животен стандард. Зголемени се платите и пензиите, а во тек е инвестициски циклус вреден 10 милијарди евра. Се градат шест нови автопатски делници, а автопатот Кичево–Охрид напредува со забрзана динамика. Пуштена е во употреба и новата болница во Струмица. Во образованието учебниците се обезбедени навреме, а не како во времето на СДСМ и ДУИ, кога учениците учеа од скрипти. Обезбедени се студентски ваучери за електронски уреди, грантови за млади и се реконструираат студентските домови. Во земјоделството се исплатени околу 15 милијарди денари субвенции, а за речиси две години се реализирани над 2.000 проекти.