Реклама

Вечерва свечено отворање на Филмскиот фестивал „Преку Езерото“

„Твоја Македонија“ со засилување: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ доби плус еден пратеник, сега има 59 народни избраници

Во Прилеп промовиран Центарот за е-услуги

Трка со времето за ново срце – триесетина пациенти чекаат телефонски повик за спас

Над 200 овци кај кои беше потврдена овча сипаница се еутанизирани и закопани

Филмскиот фестивал „Преку езерото“ преку уметноста и културата до поддршка на туризмот

Собранието оддаде почит на жртвите од Сребреница

Побрз транспорт на стока во ЕУ преку Хрватска

ВМРО-ДПМНЕ фрли ракавица на СДСМ и Левица: Ќе прифатат се што ќе понуди опозицијата, само да гласа дијаспората

Николоски: Работиме на железничко поврзување на Македонија со Албанија и воведување меѓуградски возови

Ниски политички удари во Собранието- Битиќи ги навреди сметководителите, во обид да ја омаловажи министерката за финансии

Рекорден раст – речиси два милиони патници на македонските аеродроми во првите шест месеци од годинава

Македонија

Петрушевски: СДСM нека понуди барем еден доказ за тоа што го тврдат на прес -конференциите за Кочани, во спротивно следи тужба

СДСМ секој ден се буди со нова лажна конструкција, но секој ден…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСМ секој ден се буди со нова лажна конструкција, но секој ден и ја потсетуваме дека нема да има аболиции, нема враќање назад во времето на Драги Рашковски, на Бојан Јовановски, на 27-те милиони евра за софтвери, на тендерите без покритие, на црните пари што циркулираа во бели куќи, истакана Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, огдоварајќи на новинарско прашање.

„СДСМ денес зборува за „одговорност“, а вчера не одговараше никој ни за модуларните болници, ни за клиниките со изгорени пари, ни за златните визи. Денес зборуваат за изборни процеси, а целиот народ гледаше што значи изборен криминал и институционално насилство во нивно време.

И тука сакаме јасно да порачаме: нека понудат еден доказ за тоа што го тврдат. Еден. Во спротивно ќе ги тужиме.

Реклама

Им даваме рок од една недела, како што следува по закон, да се извинат јавно на прес-конференција. Ако не се извинат, ќе добијат тужба за клевета“, потенцира Петрушевски.

„Нека се концентрираат и нека си стават прст на чело што трескаат – буквално. Да размислат што тропаат и да се освестат дека тоа што имаат таму партиска говорница, каде што се одржуваат на власт во сопствената партија со уцени и пари, не им дава за право истата бесрамност, невоспитаност и измами во стилот на улична трговија од Горњи Милановац или земање ауди за тендери, да ја применуваат и во политиката.

Ова е лага. Гнасна лага. И никој жив не верува во ова. Затоа ќе мора да се соочат со судот, каде што ќе мора да ги докажат ваквите гадости. Ако не се извинат – веднаш ќе добијат тужба.

И апелираме – да не ни праќаат тајни абери дека „вака морало“, дека „ова било само за да се покрие денот со настан“. Не мора вака. Не мора со лаги. Засрамете се.

А што се однесува за делчевски ниви, тој случај го водеше нивниот Гаврил Бубевски, го отвори во време на СДС, истрагата траеше 18 месеци, ги пробија сите рокови и на крај во нивно време се затвори случајот поради недостаток на докази“, нотира во својот одговор Петрушевски.

Нивниот пиун и потрчко, Гаврил Бубевски, кој ги координираше сите напади против ВМРО и функционерите минативе 7 години, го затвори случајот. Тоа е истиот Бубевски кој беше на чело на прогонот против ВМРО-ДПМНЕ. И ако имало било каков основ тој одамна ќе ги затвореше сите против кои се правеше хајката, додаде Петрушевски.