Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Петрушевски: Пред 4 години владата на Заев се нудела да прими мигранти во Македонија, денес неговиот потрчко Филипче е против наводни мигранти во Македонија 

Почитувани. Пред 4 години владата на Заев се нудела да прими мигранти во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Почитувани. Пред 4 години владата на Заев се нудела да прими мигранти во Македонија, а денес неговиот потрчко Филипче е против наводни мигранти во Македонија.

Ве повикувам да го проследиме видеото во кое целата македонска јавност ќе се увери како Заев сакаше да гради мигрантски кампови, а потоа и самиот се нудел да ги вдоми мигрантите, Филипче за ова не се противел. Почитувани. Ова е вистината за темата мигранти во Македонија. Од видеото, јасно е кој сакал да доведе мигранти, а кој бил против истото. Хистеријата, паниката и лажните вести кои ги создава СДСM, се рушат како кула од карти. За среќа на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ и тогаш и сега и секогаш ќе води антиемигрантска политика.

Еве веќе 2 дена молк од Филипче и СДСM за непостоечката тема мигранти. Откако ги посочивме нивните вистински намери за доведување на мигранти во Македонија, тие бегаат и од новинари и се кријат во Бихачка.

Реклама

Наместо да играат криенка, да одговорат колку мигранти биле спремни да примат во Македонија? Дали толку многу се гласни на оваа непостоечка тема, само затоа што во 2018 година биле спремни да доведат илјадници мигранти во Скопје?

Филипче и СДСM мора да ја научат лекцијата која народот им ја одржа на последните 3 изборни циклуси. Реформи во СДСM се повеќе од потребни!

Ви благодарам.