Реклама
Македонија

Петрушевски: ПР-от на Заев, ги насочи СДСM и Филипче да се фокусираат на избори во друга држава, наместо да прават реформи во партијата

ПР-от на Заев, составен од Башановиќ и Шчекиќ, ги насочи СДСM и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

ПР-от на Заев, составен од Башановиќ и Шчекиќ, ги насочи СДСM и Филипче да се фокусираат на избори во друга држава, наместо да прават реформи во партијата. Нелегитимноста на СДСM, слабиот рејтинг на Филипче и дистанцирањето на поранешни функционери од партијата, ги тера СДСM и Филипче да водат антидржавна политика која не им оди во прилог, се посочува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од денешната прес-конференција на Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

СДСM и Филипче се толку фокусирани и насочени на избори во друга држава, на која нивната сестринска партија освои 1% процент од гласовите, и не си го гледаат сопствениот двор кој им е несреден и полн со паразити.

СДСM и Филипче успеаја да се скараат со нивни сопартијци, медиуми, новинари, а сега пробуваат да се скараат и со држави или нивни претставници во Македонија.

Реклама

Овие антидржавни политики кои Заев им ги предава, а тоа е преточено во соопштенијата и прес-конференциите напишани од Башановиќ и Шчекиќ, не им носат добро, туку ги прави да бидат опозиција која на следните избори ќе освои помалку од 100.000 гласови.