Реклама

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Македонија

Петрушевски: Обвинителството е должно да постапува по секој случај во кој има сомнеж за корупција и криминал како оној со случајот на Жан Митрев

И покрај фактот што поминаа десетина дена откога доктор Жан Митрев јавно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

И покрај фактот што поминаа десетина дена откога доктор Жан Митрев јавно кажа  за намерите на Венко Филипче да ја преземе Клиничката болница што тој ја води, молк од Филипче, но молк и од надлежните институции, како Јавното обвинителство, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Во Јавното обвинителство има повеќе од доволно информации врз чија основа може да поведе постапка. Во оваа пригода ние овде пред Јавното обвинителство ќе повториме кратко за што станува збор.    

Очигледно е дека планот за преземањето на Клиничката болница од страна на Филипче заедно со другар му Зоран Заев и тогашен премиер било добро планирано. Филипче и Заев ги применувале за нив добро познатите техники, како изнуда, притисоци, а ветувале и дека ќе влијаат во судската постапка во која страна е доктор Жан Митрев.

Реклама

Планот евидентно дека не поминал, но и добро е што не поминал, бидејќи планот на Филипче вклучувал и еден вид приватизација на јавни пари или пари на граѓаните.

Како? На тој начин што Филипче ја зголемил сумата од ФЗО што се префрла на болницата, или сумата во 2020 година достигнала приближно 11 милиони евра, што е речиси двојно за разлика од сумата што е одвоена за болницата во 2015 година.

Многу едноставно Филипче ја зголемувал сумата што се префрла од ФЗО кон Клиничката болница, а сакал да ја преземе за багателна цена.

За тоа што Филипче не сака да одговори во јавност, му судат граѓаните на избори.

Но, Јавното обвинителство е должно да го испита секој случај во кој постои барем и мал сомнеж за криминал и корупција.  

Затоа денеска уште еднаш го повикуваме Јавното обвинителство да ги разгледа информациите и да потстапува.