Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Петрушевски: Митото од 2.000 евра за Богац било прво од неколкуте исплати кои требал да ги добие за местениот тендер во Царина вреден 18 милиони денари

Митото од 2.000 евра за Богац било прво од неколкуте исплати кои требал да ги добие за местениот тендер во Царина вреден 18 милиони денари. Од нашите информации добиени од свиркачи, Стефан Богоев митото го договарал во директна комуникација со Александар Спирковски – Џемо, преку вибер конверзација – истакна на денешната прес-конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Митото од 2.000 евра за Богац било прво од неколкуте исплати кои требал да ги добие за местениот тендер во Царина вреден 18 милиони денари.

Од нашите информации добиени од свиркачи, Стефан Богоев митото го договарал во директна комуникација со Александар Спирковски – Џемо, преку вибер конверзација – истакна на денешната прес-конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски.

Џемо кој ја застапувал фирмата која го добила тендерот вреден 18 милиони денари, договорил и финансиски подароци за Богац, а само една од траншите која требало да ги добие Богац била во висина од над 110 илјади денари.

Реклама

Јавноста заслужува да добие одговори, колку пари требал да добие Богоев, поранешниот директор на Царинската управа, за да го намести овој тендер за одржување на хигиена на граничните премини и терминали вреден 18 милиони денари?

Почитувани,

Во прилепските кругови се знае многу добро кој е Џемо, тепач на свои сограѓани кои не мислат како него, човек кој бил одговорен за поткупување на гласачи, и како главен кадровик и сива еминенција во огранокот во Прилеп на СДСМ.

Од другата страна го имаме несудениот наследник на Зоран Заев, детето на СДММ кој тргнал по стапките на неговиот ментор. Ако Заев земаше една евро за брат му, Богац зема илјадници ама за него.

Матрицата на СДСМ не се менува. Криминали, афери, скандали, тендери и провизии. Тоа е вистинското лице на СДСМ.