Реклама

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Македонија

Петрушевски: Филипче е должен на граѓаните да им одговори дали имал цел со преземање на болницата „Жан Митрев“ да си приватизира за лична корист пари од народот

На Венко Филипче, за седум години власт на СДСM, очигледно во фокусот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На Венко Филипче, за седум години власт на СДСM, очигледно во фокусот му биле само работи од личен интерес и интерес на неколумина негови другари, а главните зделки ги планирал со менторот Заев, истакна Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, на прес-конференција.

Една од нив е и идејата, поточно планот, да ја преземат Клиничката болница „Жан Митрев“. Случај што се актуализира по неодамнешната изјава и потврда за ова од доктор Жан Митрев.

Шемата, како во сите случаи, така и во овој, е користењето исти нивни техники, изнуда, притисоци, влијание во судски постапки, како што и му нуделе на Митрев.

Реклама

Очигледно планот за преземање на приватна болница не им поминал, што е добро затоа што практично тоа ќе значело да си ги приватизираат парите на граѓаните за свои цели.

Филипче дека имал добро подготвен план, говори еден клучен факт, а тоа е зголемувањето на сумата од ФЗО што ѝ се префрла на болницата. Сумата во 2020 година достигнала приближно 11 милиони евра, што е речиси двојна за разлика од сумата одвоена за болницата во 2015 година.

Тоа е класичен план за присвојување пари на граѓаните за лична корист или приватизирање народни пари.

Филипче е должен на граѓаните да им одговори дали навистина имал цел со преземање на Клиничката болница „Жан Митрев“ да си приватизира за лична корист пари од народот.

Исто така, Јавното обвинителство несомнено да го истражи случајот со Клиничката болница „Жан Митрев“.

Граѓаните заслужуваат одговори, а ВМРО-ДПМНЕ продолжува посветено да работи за интересите на народот.