Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Македонија

Петрушевски: Деаноски и Трендафилов да кажат дали синдикалните пари завршиле за наградување на привилегирани членови блиски до СДСM

Деаноски и Трендафилов треба повеќе да работат за работниците и да се борат за членството, а не да им ги трошат парите на синдикалците за луксузни патувања, привилегии и спортски игри на Јадранот. Од толкава Македонија и преубавите места за рекреација, на неизживеаниот Трпе Деаноски му текнало да потрошат 60.000 евра или околу половина од […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Деаноски и Трендафилов треба повеќе да работат за работниците и да се борат за членството, а не да им ги трошат парите на синдикалците за луксузни патувања, привилегии и спортски игри на Јадранот. Од толкава Македонија и преубавите места за рекреација, на неизживеаниот Трпе Деаноски му текнало да потрошат 60.000 евра или околу половина од годишниот Буџет кој го собираат синдикалците од свој џеб и да оди со одбрани луѓе во Црна Гора, рече пратеникот Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ, на прес-конференција. 

Очекуваме одговори на нашите информации добиени од свиркачи во УПОЗ, дали е точно дека оваа година спортските игри се одржале во Црна Гора, за да се излезе во пресрет на синдикалци – членови на СДСM, кои протестираа со Деаноски и Трендафилов? И дали е точно дека поради истите овие, биле деградирани долгогодишни членови на синдикатот?

Наместо борба за работнички права, Трендафилов и Деаноски се борат за луксуз.

Реклама

Затоа бројката на членови на ССМ се намалува и полека но сигурно ССМ го губи легитимитетот и кредибилитетот. Како што му се случува на СДСM, така и на ССМ.