Реклама

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Обвинителство или штит за функционерите? Последни денови на Ислам Абази

„7-ми Мај“ се враќа по 25 години: Над 600 кандидати за 200 места, одлични услови во новото училиште за идните полицајци

Шангајската листа повторно без македонски универзитет: Спасот се бара во законите кои заглавија во собранието

Средба Муцунски – Мацинка: Приоритет на Чешка е Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ

Почнаа уписите на УГД во Штип, слободни 3.300 места

Филипче кани гости, па исчезнува: Не викна во партија да му снимиме изјава и целосно го снема

Огнената стихија во прилепско не стивнува

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Македонија

Перински: Законските измени го зголемуваат демократскиот потенцијал на локално ниво

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, даде свое видување на повеќе политички…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, даде свое видување на повеќе политички теми, зборуваше за актуализираното отворање на изборниот модел, за последните случувања во Град Скопје, а се осврна и на реформскиот процес на Законот за локална самоуправа.

Во однос на предложената изменета законска рамка, истакна, убеден е дека со измените ќе биде зголемен капацитетот на директна демократија во рамки на локалните самоуправи.

„Предлог измените на овој системски закон се однесуваат кон негово подобрување, нема реперкусии кон ниту една страна, ниту на политичка, ниту на оперативна основа. Јас искрено се надевам дека одредени политички субјекти ќе ја надминат својата суета и ќе го поддржат ова законско решение, затоа што тоа само го зголемува демократскиот потенцијал на локално ниво“, потенцираше министерот.

Реклама

Тој информираше дека од 288 проекти одобрени на првиот владин повик, за 273 веќе има склучени договори и се реализираат на терен, поточно 79 веќе се завршени, а за 14 проекти има реобјавени постапки за избор на изведувач.

Министерството посветено работи и на рамномерен регионален развој, кој, како што истакна Перински, сам по себе е предизвик за поголеми и поразвиени европски држави од Македонија.

„Средства никогаш не се доволни, заради икс фактори. Она што ние во моментот во Министерството го правиме, одвоивме 116 милиони денари за 47 проекти, но и тие не се доволни. Тоа ни е детерминирано дека во минатото било аномалија. Она на коешто ние сме фокусирани во моментот и го развиваме во рамки на Министерството е како да креираме политика на рамномерен развој, којашто ќе ги натера граѓаните да се вратат во средините од каде што заминале. Суштината на регионалниот развој е тоа, да имате што е можно помала разлика во развиените и неразвиените општини“, рече министерот.