Реклама

Мицкоски: Македонија и САД, сојузништво засновано на доверба, поддршка и пријателство

Прилепчани оперирале од Халкидики до Мадрид

Сиљановска и Јаневска на првиот академски час на УКИМ

Клековски: Современа терапија за цистична фиброза примаат 126 пациенти, меѓу нив и деца над две години

Настап на Венко Филипче во Собранието: Премиерот го нарече идиот, критичарите ќе ги газел како шлепер жаба

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

ДЗР: „Мој термин“ 738 дена без договор за одржување, Клековски најави план за надминување на проблемите

Мицкоски до студентите на УГД: Каде и да одите, вратете се дома со знаење, со искуство, со идеи, за заедно да ја градиме Македонија

Кос: ЕУ во вторник ќе ги соопшти новите модели за интеграција, членството во ЕУ носи раст на БДП и до 50%

АНБ разоткри мрежа од псевдо-портали коишто ширеле руска пропаганда

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Прилози

Пензионерите денеска на голем протест пред Влада и пред Американската амбасада

Пензионерски бунт се случи денеска во Скопје каде пензионери од цела Македонија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пензионерски бунт се случи денеска во Скопје каде пензионери од цела Македонија дојдоа пред Владата, но и пред Амбасададата на САД, за да го изразат своето незадоволство од игнорантскиот однос на Владата. Тие ги повторија барањата за линеарно зголемување на пензиите за по 5 илјади денари, а минималната пензија да биде 20 илјади денари. Но, попусто оти не ги прими никој.

Не бараме преку леб погача, туку бараме достоинствени примања во време на скапотија. Пензионери од цела Македонија денеска се собраa на масовен протест во главниот град. Протестот започна пред Амбасадата на САД во Скопје, а потоа продолжи пред Владата. Главните барања на пензионерите се линеарно покачување на пензиите од 5.000 денари, минимална пензија од 20.000 денари и промена на методологијата за покачување на пензиите.

  • Од последниот протест до денес нема никакви промени, иако тогаш министерката за труд и социјална политика кажа дека за седум дена ќе даде отчет, односно што направила групата која ја изработува методологијата. Но, пројдоа 27 дена па сè уште нема никаков одговор. Ние пензионерите ништо не добивме, протестираме три месеци градовите и организираме генерални протести во Скопје, но нема резултати. Имавме состаноци и со ЕУ и ги запознавме со нашите барања, кои остануваат исти и од минатиот пат, а би напоменал и дека шестото барање е промена на Законот за пензиско и инвалидско осигурување, изјави денеска претседателот на иницијативниот одбор на пензионерите, Драган Угриновски.

Пензионерите се разочарани оти власта останува глува на нивните барања за раст на пензиите. Лицемерно е да има пари за зголемуување од 78 отсто на функционерските плати, а да нема за поголеми пензии, беа дел од пораките.

Реклама

Доколку не се најде решение, пензионерите најавија протести со глад пред Влада.

  • Доколку не наидеме на разбирање од власта и министерствата ќе се состане координативното тело со претставници од сите градови и ќе се договориме што понатаму, истакна претседателот на Иницијативниот одбор на пензионери.

Претставници на пензионерите, имале средба и со Евроамбасадорот Дејвид Гир, кој како што велат останал зачуден, затоа што прв пат видел протест на пензионери. Во септември, со редовното усогласување, пензионерите добија зголемување од 5,3%, а минималната пензија во моментов изнесува 13.200 денари.

Пензионерските протести ќе продолжат и во иднина и ако бидат игнорирани ќе стануваат се порадикални, со повеќечасовни блокади на секаде низ земјава.

Борис Грујоски