Реклама

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Прилози

Пендаровски бара смена во СДСМ, а Филипче повторно со изговор за црна кампања против него и партијата

Ред се редат јавни критики за раководството и стратегијата на СДСМ од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ред се редат јавни критики за раководството и стратегијата на СДСМ од некогашни функционери и истакнати членови. Поранешниот претседател Стево Пендаровски бара смена во партијата. Тој јавно предупредува дека Социјалдемократскиот Сојуз се наоѓа на критична крстосница и дека без суштински промени може да исчезне.  

„Постои реална опасност партијата да оди кон исчезнување или да влезе во статистичка маргина на грешка“, изјави поранешниот претседател на Македонија Стево Пендаровски.

Според Пендаровски, суштината на проблемот  во СДСМ е во политичкото делување, односно стратегијата, кадровската поставеност и  начинот на кој партијата се обраќа до јавноста.

Реклама

„Кога не успеавте тоа да го направите, рецептите се јасни или ја менувате политичката стратегија и пристапот кон граѓаните, или носите нови луѓе кои ќе знаат да допрат до различни слоеви од гласачкото тело“, вели Пендаровски.

За Венко Филипче ваквата изјава на Пендаровски е извадена од контекст. Тој на критиките, повторно одговори со обвинувања дека ВМРО-ДПМНЕ водело црна кампања против СДСМ .

„Интересно е зошто ова прашање се отвора сега, кога изјавата е од пред неколку недели и е извадена од контекст. Пендаровски дава максимална поддршка за тоа што го правиме во партијата. Ова е резултат на силна кампања на провладините, провмровски медиуми, кои повеќе би ги нарекол агитатори отколку новинари“, изјави Венко Филипче. Ако СДСМ е мртва партија, зошто 90 проценти од црната кампања на провладините медиуми е насочена против нас? Зошто има лични напади, дискредитации и навреди?“, изјави лидерот на СДСМ, Венко Филипче.

Изјавата на Пендаровски е само уште една во низата јавни критики од поранешни функционери на СДСМ. Екс министерот Јово Деспотовски и поранешниот скопски градоначалник Петре Шилегов беа исклучени од партијата заради јавно изнесените ставови за ситуацијата во која се наоѓа опозициската партија под водство на Венко Филипче.