Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

Пецаков: Расчистивме со наследените долгови и работиме на ново сообраќајно решение, како и ново училиште

Кандидатот за градоначалник на општина Охрид, Кирил Пецаков, говореше за големите предизвици…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кандидатот за градоначалник на општина Охрид, Кирил Пецаков, говореше за големите предизвици со кои се соочил изминатите години откако седнал на градоначалничката функција. Тој истакна дека како еден од клучните моменти е расчистување на наследените долгови и доведување на општинската сметка на позитива од 3,5 милиони евра.

Пецаков наброја голем дел на реализирани проекти како што се велосипедски патеки, реконструкција на плоштади, фотоволтаици, основно училиште, спортска сала во Лескоец и други. Во однос на тоа што да се очекува од него следните 4 години, Пецаков ги истакна неговите ветувања.

„Уредување на булевар „Туристичка“ во пресек со улицата Стив Наумов до Јане Сандански, уредување на кејот Македонија, на кејот во Пештани, реконструкција на културните домови во Љубаништа, Кочишта и во Црногорци, продолжување на фекалната канализација, започнавме со проект за одобрение на втора катна гаража, но и уште еден проект за одобрение за уште едно училиште“, посочи Пецаков.

Реклама

Градоначалникот Пецаков најави и стратегија за туризмот во наредните 10 години и како што кажа во соработка со централната власт ќе работат на зголемување на туристите во Охрид.

„Стратегијата која ќе биде направена за наредните 10 години, заедно со централната власт би можеле заеднички да ја спроведеме. Синергијата помеѓу локалната и централната власт, со добивањето на посебно Министерство за култура и туризам, сметам дека ќе даде добри резултати, не само по однос на зголемување на бројот на туристи, што е основен императив за еден туристички центар, туку и во квалитетот на туризмот во иднина“, потенцираше Пецаков.