Реклама

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Македонија

Пазарните можности и економското јакнење на земјоделците, во фокусот на Генералното собрание на НФФ

Националната федерација на фармери (НФФ) денеска ќе го одржи Генералното собрание, на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Националната федерација на фармери (НФФ) денеска ќе го одржи Генералното собрание, на кое ќе учествуваат претставници на земјоделскиот сектор, институциите, меѓународните партнери и граѓанските организации со цел да се разгледаат актуелните предизвици и можности за развој на малите земјоделци и производители од руралните средини.

Како што соопштија организаторите, предвидени се обраќања на Цветан Трипуновски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Стеванче Јорданоски, претседател на Националната федерација на фармери, Микаел Атерхог, раководител за развојна соработка во Амбасадата на Шведска во Македонија, како и Сашо Ангеловски, национален менаџер на We Effect Европа.

Во рамки на настанот ќе се одржи и панел-дискусија на тема „Успешни приказни и пазарни можности за малите земјоделци“, на која ќе бидат презентирани резултатите од проектот „Организациски развој на НФФ и подобрени врски на пазарот за малите земјоделци и производители од рурални области со цел зголемување на приходите“, поддржан од Шведска и од шведската организација за развој We Effect.

Реклама

Панелот ќе понуди конкретни примери за успешни земјоделски иницијативи и модели на развој. Пере и Рахела Транталовски од „Трантал Фарм “/ „Преспино“ ќе ја споделат приказната за развојот на нивното производство – од локална иницијатива до препознатлив бренд на свежо цеден сок од јаболко, а Ванчо Кироски од невладината организација „Меден Исток“ ќе говори за школата за пчелари и можностите за вклучување на малите оператори во саемски манифестации.

Во рамки на дискусијата, претседателот на НФФ ќе го претстави моделот на договорно производство како ефикасен механизам за обезбедување сигурен пласман и стабилни приходи за земјоделците, со конкретен пример од производството и пласман на пченица.