Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Македонија

Патронажната служба во Куманово со превентивни прегледи и совети за здравјето и во руралните средини

Поливалентната патронажна служба при Здравствениот дом Куманово континуирано спроведува превентивни активности и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Поливалентната патронажна служба при Здравствениот дом Куманово континуирано спроведува превентивни активности и во руралните средини. Преку акции  за  бесплатни мерења на крвниот притисок, шеќерот во крвта и холестеролот, како и здравствено советување, медицинските сестри навреме ги откриваат ризиците по здравјето и ги упатуваат граѓаните кон соодветна здравствена услуга.

Медицинската сестра специјализирана за семејна и патронажна здравствена нега Љиљана Ивановска вели дека целта на службата е превенција на болестите и унапредување на здравјето кај сите возрасни категории.

– Поливалентната патронажна служба во рамки на Здравствениот дом Куманово функционира како посебна работна единица и работи пред сè на превенција на болести и унапредување на здравјето на населението од сите возрасни категории. Работиме и на здравствено воспитување и просветување, како и на совети за тоа како да се живее со одредена болест и како да се обезбеди потребната нега – вели Ивановска.

Реклама

Во рамки на активноста „Здравје за сите“, патронажните екипи во текот на годината посетуваат рурални населени места во Кумановско и во соседните општини, при што вршат бесплатно мерење на крвен притисок, проверка на шеќерот во крвта и холестеролот. Акцентот е особено ставен на возрасните луѓе од руралните средини, чиј пристап до здравствените услуги е отежнат.

– Претходната година ги посетивме селата од Кумановско, од Козјачијата. Опфатени беа околу 150 до 200 корисници на здравствени услуги. Целта е да откриеме лица кои немаат редовни лекарски контроли и навреме да утврдиме дали има промени во крвниот притисок, шеќерот или холестеролот- објаснува Ивановска.

Освен мерењата, патронажните сестри разговараат со граѓаните за начинот на живот, исхраната и физичката активност. Посебно внимание се посветува на лицата кои веќе имаат хронични заболувања и користат терапија. Ивановска посочува дека дел од граѓаните, поради подобрени вредности на крвниот притисок или шеќерот, самостојно размислуваат да ја прекинат терапијата.

– Ги советуваме да не ја прекинуваат терапијата на своја рака, туку да се јават кај матичниот лекар и да направат контрола. Лекарот е тој што одлучува дали терапијата треба да продолжи или да се промени – додава Ивановска.

Патронажната служба има улога и во упатувањето на граѓаните до најблиската здравствена установа, особено во средини каде што поради промените во примарната здравствена заштита дел од амбулантите не работат или граѓаните потешко доаѓаат до матичен лекар. Превентивната работа на службата, како што нагласува Ивановска, опфаќа повеќе категории, од млади мајки, новороденчиња и доенчиња, преку училишни деца и жени во репродуктивен период до лица со хронични заболувања. Во фокусот се и здравите животни навики, правилната исхрана, физичката активност, редовните лекарски прегледи и имунизацијата.