Реклама

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Македонија

„Партнерство за здравство“ – конференција со општествено одговорните фактори за приоритетните цели во здравството

Во организација на Министерството за здравство денеска се одржа конференција со наслов…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во организација на Министерството за здравство денеска се одржа конференција со наслов „Партнерство за здравство“, посветена на стратешките приоритети на здравствениот систем и идентификуваното портфолио на проекти за партнерска поддршка. На настанот присуствуваа претставници од бизнис-секторот, странски компании и меѓународни организации, како и амбасадори и претставници на дипломатскиот кор – се вели во соопштението од Министерството за здравство. 
 
– Поддршката од општествено одговорните факлтори  е од големо значење за напредокот на здравствениот систем. Токму затоа сметам преку партнерски однос може да дојдеме до остварување на приоритетите во здравството. Нашата цел е првпат системски да ја канализираме поддршката и да ја насочиме онаму каде што е најпотребна – истакна министерот за здравство Азир Алиу во обраќањето.
 
Министерот Алиу ги презентира стратешките приоритети во здравството за периодот 2024 – 2028 и особено се осврна на оптимизација и функционална реорганизација на здравствениот систем, со цел регионално балансиран и еднаков пристап до здравствените услуги за сите пациенти.

 
– Како Влада сме фокусирани на континуирана едукација и трансфер на знаење на медицинскиот персонал, со ангажирање врвни странски експерти за едукација на нашиот кадар, во насока на воведување нови дијагностички и терапевтски методи – потенцира Алиу.
 
Тој се осврна и на националната здравствена стратегија за млади лекари, чија цел е подобрување на условите за работа и финансиска стимулација за спречување на одливот на младите лекари.
 
– Во следниот период активно ќе работиме и на развој и имплементација на стандардизирани болнички процедури за квалитетна и безбедна здравствена заштита, односно стандардизирани патеки за упатување на пациентите со цел намалување на неоправданите упатувања од едно на друго ниво на здравствена заштита. Исто така, еден од приоритетните проекти е и Националниот систем на парамедици, како дел од итната медицинска помош, со што дополнително ќе го зајакнеме одговорот на здравствениот систем во итни случаи – заклучи Алиу.
 
Тој се осврна на стручните упатства за практикување медицина базирана на докази, унапредување на Националниот здравствен информативен систем во рамките на дигитализацијата на здравството и имплементација на меѓународни стандарди (здравство без хартија) и национален интероперабилен слој за е-здравство.