Реклама

Мицкоски: Македонија и САД, сојузништво засновано на доверба, поддршка и пријателство

Прилепчани оперирале од Халкидики до Мадрид

Сиљановска и Јаневска на првиот академски час на УКИМ

Клековски: Современа терапија за цистична фиброза примаат 126 пациенти, меѓу нив и деца над две години

Настап на Венко Филипче во Собранието: Премиерот го нарече идиот, критичарите ќе ги газел како шлепер жаба

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

ДЗР: „Мој термин“ 738 дена без договор за одржување, Клековски најави план за надминување на проблемите

Мицкоски до студентите на УГД: Каде и да одите, вратете се дома со знаење, со искуство, со идеи, за заедно да ја градиме Македонија

Кос: ЕУ во вторник ќе ги соопшти новите модели за интеграција, членството во ЕУ носи раст на БДП и до 50%

АНБ разоткри мрежа од псевдо-портали коишто ширеле руска пропаганда

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Прилози

Партиски војници наместо професионалци-Кадровската политика на власта е погубна за државните институции

Поставувањето на Миликије Халими за директорка на АД Аеродроми, која претходно беше…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Поставувањето на Миликије Халими за директорка на АД Аеродроми, која претходно беше вработена во Царина со средно медицинско образование, ја отвора пандорината кутија, колку партиски кадри се поставени на високи функции а без соодветно образование. Експертите постојано предупредуваат дека партиите на власт си ги вдомуваат своите кадри за да им се оддолжат за сработеното, но неретко, се поставуваат директори без бараната диплома или без работно искуство. Стефан Богоев од градоначалник, кој дипломирал бизнис администрација и е магистер по економија, стана директор на Царинската управа. Иако, дури и за да се вработите во Царина како советник, ви треба најмалку три годишно искуство во царински работи.  Еден од најголемите загубари – македонски железници, годинава си нов директор. Зуљхајрат Демири, чија биографија ја нема на официјалната веб страница работел како келнер. 

Има и такви, кои не само што немаат соодветно образование, не знаат на што се директори.

Метрологијата е наука за мерењата, метрологијата нема врска со временска прогноза во која што и јас, очигледно да ви кажам, до пред некое време грешев, мислев дека е наука за времето – рече Авдуљ Селам Селами, по неговото назначување за директор на Биро за метрологија.

Реклама

39 годишниот Селами имал неколку раководни позиции а ниту една не одговара со неговиот правен факултет. Кариерата ја гради на брза лента, бил инспектор во УЈП, заменик директор на Агенцијата за поддршка на земјоделието, заменик директор на УЈП, а се пробал и во здравството – бил член на управен одбор на Клиниката за неврологија. Пред да стане директор на метрологија, бил член и на управен одбор на „Улици и патишта“. 

Култура или фискултура. Професор по физичко раководеше со Домот за култура во Струмица. Уметниците излегоа на улица, и со притисок, Васил Бубев беше сменет.

Бестрашниот градоначалник на Струга Рамиз Мерко, два пати си постави иста личност за директор на училиште без високо образование. За ова, предмет отвори антикорупциската комисија. На национални шуми претходно пак беше директорка Јулиана Николова, инаку професорка по информатика.

Проблемот со партизација на институциите и несоодветни кадри поставен на раководни места е долго време рак рана на македонското општество сметаат експертите. 

Ова не е држава туку партиска територија во која лидерите на партиите си ги одредуваат партиските војници, ги поставуваат на места за кои тие мислат дека треба да бидат наградени за нивните заслуги, за време на избори или други партиски активности – вели аналитичарот Синиша Пекевски.

Јавноста уште долго ќе ја памети амбициозната водителка Бесмира Ејупи, која беше нирана за конзул во Њујорк. Таа претходно беше вработена во Надзорниот одбор во ЈП за железничка инфраструктура  во делот на финансиите со својот факултет за меѓународна комуникација што е впрочем нефинансиска област.  Експертите постојано предупредуваат, раководните позиции да бидат пополнети со професионалци со долгогодишно искуство, знаење и висок степен на професионалност и интегритет.

Адријана Алексиеска