Реклама
Македонија

Парламентарниот надзор и соработката во регионот во фокусот на конференција на комисиите за одбрана и безбедност во Загреб

Размена на искуства и унапредување на парламентарните процедури и механизми за надзор во секторот одбрана и безбедност е целта на Регионалната годишна конференција на парламентарните комисии за одбрана и безбедност на земјите од Југоисточна Европа, што се одржува во Загреб, а на која од македонското Собрание учествуваат претседателот на Комисијата за одбрана и безбедност Павле […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Размена на искуства и унапредување на парламентарните процедури и механизми за надзор во секторот одбрана и безбедност е целта на Регионалната годишна конференција на парламентарните комисии за одбрана и безбедност на земјите од Југоисточна Европа, што се одржува во Загреб, а на која од македонското Собрание учествуваат претседателот на Комисијата за одбрана и безбедност Павле Арсоски и пратениците Бране Петрушевски и Оливер Спасовски.

Собирот, како што соопштија од Собранието на Република Северна Македонија, се одржува во организација на Парламентот на Хрватска, РАКВИАК, ОБСЕ/ОДИХР и ДЦАФ, опфаќа три панел-дискусии посветени на состојбите и добрите практики во парламентарниот надзор, заштитата на правата и одговорностите на припадниците на вооружените сили и полицијата во регионот, како и примената на Кодексот на однесување на ОБСЕ како нормативна рамка.

Посебен акцент е ставен на зајакнувањето на меѓупарламентарната соработка и зачувувањето на дијалогот, стабилноста и мирот во Југоисточна Европа во услови на актуелни безбедносни предизвици.

Реклама

Во своето обраќање, претседателот на Комисијата, Павле Арсоски, ги претставил законските механизми за парламентарен надзор во Собранието, осврнувајќи се на достигнувањата, но и на слабостите и тековните предизвици.

– За надминување на овие предизвици, се спроведуваат мерки за ангажирање независни надворешни експерти, редовни наместо реактивни надзори и зајакната соработка со граѓанскиот сектор- истакнал Арсоски.

Преседателот на Комисијата нагласил дека ефикасниот парламентарен надзор бара баланс меѓу ефикасноста на безбедносните служби во заштита на државата и нивната контрола со цел почитување на уставните права и човековите слободи.