Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Економија

Панова: Активно работиме на намалување на невработеноста, Оперативниот план за 2026 година повторно со фокус на младите

Оперативниот план за вработување за 2026 година e значаен чекор во насока на зајакнување на економијата и унапредување на пазарот на труд, a посебен акцент се става на отворање на нови работни места и намалување на невработеноста. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во фокус го става отворањето нови работни места и создавање можности за вработување, со […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Оперативниот план за вработување за 2026 година e значаен чекор во насока на зајакнување на економијата и унапредување на пазарот на труд, a посебен акцент се става на отворање на нови работни места и намалување на невработеноста.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во фокус го става отворањето нови работни места и создавање можности за вработување, со што се настојува да се подобри економската состојба и да се намали стапката на невработеност во земјава. Оперативниот план за вработување за 2026 година предвидува опфат на над 10.000 лица и е во вредност од скоро 40 милиони евра – истакна пратеничкта на ВМРО-ДПМНЕ, Ели Панова, на прес-конференција.

Главен приоритет е отворањето нови работни места, при што предвидени се повеќе од 32 милиони евра коишто се директно наменети за таа цел. Младите повторно се во фокусот, а според Оперативниот план за оваа година, најголем дел од средствата се насочени кон лицата до 29 години.

Реклама

Севкупно, Оперативниот план за 2026 година предвидува вклучување на речиси 6.000 млади лица до 29 години. Дополнително, предвидена е стимулација за вработување на младите во производните капацитети, каде за околу 3.500 млади лица до 23 години се предвидува младински додаток од 3.000 денари. Воедно, се предвидуваат и обуки, практикантства и мерки за подобрување на вештините и квалификациите со цел полесна интеграција на пазарот на труд.

Преку мерката Самовработување-претприемништво се очекува отворање на над 2.000 нови работни места, додека со мерката Поддршка за креирање нови работни места ќе се поддржи вработувањето на над 1.500 лица. Со овие две мерки се предвидува поддршка за повеќе од 3.500 лица.

Во споредба со 2025 година, за прв пат беа воведени таргетирани мерки за младите и како дел од оваа поддршка во Програмата за самовработување со грант (претприемништво) беа вклучени над 2.600 лица, од коишто скоро 1500 млади до 29 години, а како резултат на тоа пак беа отворени скоро 2200 нови правни субјекти.

Почитувани, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи за домашната економија, за намалување на невработеноста. Преку различни мерки и политики настојуваме да се поттикне економски раст, да се поддржат малите и средни претпријатија и да се подобри животниот стандард како и условите за вработување.