Реклама

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Меѓународна потерница и 30-дневен притвор: Доколку Ива Михаилова стапне во Македонија, веднаш оди зад решетки

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Свет

„Пандемија на невакцинираните“ во САД

Варијантата Делта на корона вирусот се шири низ Соединетите Држави и веќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Варијантата Делта на корона вирусот се шири низ Соединетите Држави и веќе сочинува 80% од сите заразени. За само еден месец ова резултираше со повеќе од двојно зголемување на дневните бројки на заразени.

Преполни барови и клубови – рестрикциите воведени поради Ковид-19 се укинати во најголемиот дел од САД. Но, варијантата Делта го зголеми бројот на инфицирани и хоспитализирани, особено во регионите со низок процент на имунизација.

Надлежните ова го нарекуваат „пандемија на невакцинираните“.

Реклама

„Невакцинираните луѓе се под ризик, заедниците кои се целосно вакцинирани генерално се држат добро“, вели д-р Рошел Валенски, директорка на Центарот за контрола болести.

Анкетите покажуваат дека 15% од возрасните Американци не планираат да се вакцинираат, без оглед на последиците.

„Има голем опсег на наведени причини поради кои не сакаат да се вакцинираат, генерално кажано тие се сведуваат на чувство на безбедност на самата вакцина, како и мислењето дека корона вирусот не е толку сериозен или толку опасен“, рече Крис Џексон од Истражувачкиот центар Ипсос.

Најголем дел од противниците на вакцинацијата се информираат од алтернативни медиумски извори кои често шират дезинформации.

„Здравствените дезинформации поттикнаа луѓе да не носат маски во високо ризични ситуации. Поттикнаа да одбијат докажани третмани и да не се вакцинираат“, вели Вивек Мурти, Вицеадмирал во Одделот за здравство.

Отпорот кон вакцинацијата има и идеолошка позадина. Истражување на Вашингтон Пост и Еј Би Си покажа дека 86% од Демократите и само 45% од Републиканците примиле барем една доза.

Сега и раководството на Републиканската Партија ги поттикнува поддржувачите да се имунизраат.

„Сакам да ги охрабрам сите да го направат тоа и да ги игнорираат сите други гласови кои им даваат лоши совети“, вели Мич Мек Конел, лидер на малцинството во Сенатот.

Ова е значителна промена во ставовите. Претходно Републиканците со месеци се противеа на пандемиските мерки на администрацијата на Џо Бајден.

„Не знам колкумина од нив веруваа во она што го велеа. Можеби навистина веруваа во нештата кои ги кажуваа. Но, мислам дека сфатија дека вирусот ги убива првенствено оние кои не се вакцинирани, тоа беше нешто што ние Католиците го нарекуваме откровение за нив“, рече претседателот на САД, Џо Бајден.

Засега стапките на вакцинација се значително повисоки во северните сојузни држави во споредба со јужните што ја пресликува и политичката поделба во земјата.

Речиси 70% од возрасните Американци односно 49% од вкупното население е целосно имунизирано против Ковид-19. Низ земјата досега се дистрибуирани над 391 милион дози од вакцините.

За Алфа, од Гласот на Америка, Никола Крстиќ во Вашингтон.