Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Здравство

Пациентите од Кочани и Штип се префрлени во Скопје

Кочанските и штипските болници останале празни, бидејќи сите 84 пациенти биле пренесени…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кочанските и штипските болници останале празни, бидејќи сите 84 пациенти биле пренесени на клиниките во Скопје, информираше министерот за здравство, Арбен Таравари. Според него, состојбата на пациентите се менува, а до крајот на денот се очекува уште 26 пациенти да бидат упатени на лекување во странство.

Четири пациенти ќе заминат во Словенија и Хрватска, шест во Австрија и 12 во Белград. Министерот Таравари потврди дека состојбата на сите пациенти е стабилна, и се надеваат дека нема да дојде до компликации или влошување на здравствената состојба.

Здравствените власти апелираат до сите оние кои биле во близина на пожарот, да се јават на преглед на скопските клиники, бидејќи 18 пациенти од Кочани денеска пријавиле изгореници и симптоми на гушење.

Реклама

Директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, изрази загриженост за тоа што од 2016 година во Македонија нема Центар за изгореници. Тој истакна дека дури и ако поранешниот центар бил функционален или да се отвори нов, капацитетот на таков центар немало да биде доволен за да се справи со големиот број пациенти.

„Центарот за изгореници би можел да биде функционален за четири до пет пациенти, но не и за 40-50 или 100 пациенти. Тоа е реалност која мора да се комуницира“, рече Клековски.

Тимовите на Црвениот крст постојано се присутни на терен. Тие информираа дека моментално немаат потреба од други донации, освен од финансиска помош, преку отворените линии.

„На оваа точка работат девет волонтери, а има и други пунктови во близина на семејствата на настраданите“, изјави Арген Чирафи од Црвен крст.

Две деца кои се на лекување во Турција започнале самостојно да дишат, а три деца кои се во Грција, биле оперирани ноќеска поради внатрешни и надворешни изгореници. Во трагичниот пожар загинаа 59 млади лица, а до сега на 15 од нив им е извршена обдукција.