Реклама

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Здравство

Ова е актуелната состојба на пациентите кои се хоспитализирани во Бугарија

Двајца од 15-те повредени во пожарот во Кочани, кои се хоспитализирани во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Двајца од 15-те повредени во пожарот во Кочани, кои се хоспитализирани во Бугарија, се ослободени од респиратор, еден е на маска за кислород, а останатите се во тешка, но стабилна состојба, информираше попладнево прес-службата на бугарското Министерство за здравство.

Екстубаираните пациенти, како и пациентот кој е на маска за кислород, се хоспитализирани во Универзитетската болница за активно лекување и итна медицина „Н.И. Пирогов“ во Софија. Останатите шест пациенти во оваа болница се уште се на механичка вентилација.

Тешка, но стабилна, е состојбата на тројцата повредени кои се хоспитализирани во болницата во Варна, како и на тројцата во Универзитетската болница „Свети Ѓорѓи“ во Пловдив.

Реклама

Пациентите беа пренесени пред неколку дена во Бугарија со воен транспортен авион „Спартан“ и со амбулантни возила на софиската Итна медицинска помош.

Повредените во Бугарија беа посетени вчера од шефот на македонската дипломатија, Тимчо Муцунски, и министерот за здравство, Арбен Таравари.