Реклама

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Македонија

Отворени центри за церебрална парализа и за поддршка на лицата со дијабетес во Кисела Вода, со поддршка на Град Скопје

Центар за лица со церебрална парализа, како и на Центар за поддршка…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Центар за лица со церебрална парализа, како и на Центар за поддршка на лицата со дијабетес, се отворени денеска во Кисела Вода. Тие ќе обезбедат сервиси за поддршка, советување, организирање едукативни работилници, креативен развој, социјална вклученост и унапредување на квалитетот на животот на овие групи граѓани.

На отворањето на центрите присуствуваа сопругата на премиерот Рози Мицкоска, која помогнала во нивното опремување, градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, градоначалничката на Кисела Вода, Бети Стаменковска Трајкоска и членови на здруженија.

Градоначалникот Ѓорѓиевски изјави дека просториите во минатото не биле функционални, а градот ги поседувал. Од друга страна, појасни тој, пак има здруженија и лица кои не можеа да обезбедат свој простор за да одржуваат активности, за тоа да биде нивен дневен центар итн. и во комуникација со најголем дел од здруженијата дојдовме до заклучок дека заеднички треба да си помогнеме во овие процеси.

Реклама

– Во минатото како градоначалник на општина Кисела Вода заедно со мојот кабинет, дел од кој премина во Градот Скопје, функциониравме на начин на кој со наши средства спонзориравме еден дневен центар во многу помал обем од овој кој го имаме денес во Расадник. Сегашната градоначалничка на Кисела Вода, Бети Стаменковска Трајкоска продолжи да го финансира тоа, но тоа беа решенија кои не се на долг рок и нудат неизвесност кај лицата со церебрална парализа кои имаат потреба од овој дневен центар и затоа пристапивме кон вакво решение. Отвораме и дневен центар за лицата со дијабетес, нешто што беше барање на здруженијата, но за жал институциите немаа слух, истакна Ѓорѓиевски. 

Тој и се заблагодари на градоначалничката Стаменковска Трајкоска, која, како што кажа, логистички влегла во процесот да им помогне, да го овозможат сето тоа. Се заблагодари на министерот и заменик- министерот за труд и социјална политика, кој цел изминат период бил во координација со Градот Скопје и секогаш барал начин да помогне во овие процеси, како и на претседателите на здруженијата.

– Многу е важно да подадеме рака во услови во кои во минатото многу малку се подавало рака од страна на институции кон здруженијата кон лицата, дали е тоа со церебрална парализа, дали е со дијабетес. Овие дневни центри сега се добро опремени. Помогнавме и во нивното опремување заедно со општината Кисела Вода и со Министерството за труд и социјална политика. Секогаш како Град Скопје ќе бидеме поддршка овозможувајќи на здруженијата да се финансираат и дополнително преку проекти од страна на Градот Скопје на начин што ќе овозможиме едно инклузивно општество, општество во кое сите ќе бидеме еднакви, но ќе имаме и еднакви можности, рече Ѓорѓиевски.

Тој додаде дека ова е пример како со подавање рака од страна на институциите може да се постигне ефект и да се создадат катчиња во кои благодет ќе имаат корисниците, дечињата кои ќе бидат тука, особено децата со церебрална парализа кои му се долгогодишни пријатели, но и нивните родители малку да земат здив на начин, што ќе можат да си најдат за себеси слободен простор и време.

Претседателката на Баланс МК – Асоцијација за детски дијабетес на Македонија, Наташа Деспотовска Димитриевска рече дека станува збор за проект на Градот Скопје и дека конечно пациентските здруженија добиваат свој локален простор.

– Просторот, кој е наменет за поддршка на лицата со дијабетес ќе служи за оформување континуиран достапен сервис за сите граѓани кои имаат дијабетес во кој ќе се организираат едукации, психо-социјалната поддршка на овие лица многу им значи. Просторот ќе го користиме и за индивидуални едукации за сите оние кои имаат потреба, додаде Деспотовска Димитриевска.

Претседателката на „Здружението на родители на деца со церебрална парализа – Скопје“, Марина Билбиловска истакна дека ова е ден кога борбата вродува со плод.

– Ние посебните родители носиме сила и кога сите мислат дека сме слаби.  Даваме љубов и кога срцето ни е уморно, и продолжуваме напред дури и кога патот е тежок барајќи го и најмалиот зрак на светлина во животот. Никогаш не се откажуваме, туку се издигнуваме. Не се плашиме од дождот, затоа што сме преживеале многу невремиња. А, нашите насмевки го кажуваат она што вешто го криеме – тагата во нас, постојаната борба и нашиот постојан стремеж. И кога плачеме, главите ги подигаме повисоко, за солзите да не паднат пониско од тој што нѐ повредил – рече Билбиловска. 

Таа притоа нагласи дека во ова „клупче“, како што популарно го нарекуваат корисниците, веќе се одржуваат прослави, разни собири, седенки, дружење, работилници, социјализација, а има и опрема за специјални физикални масажи.

– И затоа денес од овде, му се заблагодаруваме на нашиот другар, патрон, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, затоа што отсекогаш, и постојано е со нас и со децата и лицата со попречености. Тој е човек кој никогаш не ги дели луѓето на „типични“ и „атипични“. За него поддршката, инклузивноста и социјализацијата на немоќните и попречените – секогаш е на прво место. Ти благодариме! – подвлече Билбиловска.

Професор доктор Зоран Гучев рече дека отворањето на овие центри од страна на Градот Скопје е многу значајно за популацијата. Тој рече дека треба да се обезбедат стручни лица кои во две смени постојатно ќе работат во центрите и телефон на кој пациенти ќе можат да побараат совет.