Реклама

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Македонија

Отворена истрага за пожарот во Кочани: Постапка покрената против 27 физички и 3 правни лица

Основното јавно обвинителство во Кочани покрена истражна постапка против 27 физички и…

Сподели:

Основното јавно обвинителство во Кочани покрена истражна постапка против 27 физички и три правни лица, за кои постои основано сомнение дека, како соизвршители, сториле Тешки дела против општата сигурност (член 292 во врска со член 288 од Кривичниот законик).

Осомничените, во периодот од 2012 година до 16.03.2025 година, не постапиле согласно прописите за заштита и безбедност, предизвикувајќи опасност по животот и телото на луѓето, како и штета на голем имот. Пропустите и незаконските дејства на одговорните лица довеле до пожар во дискотеката Клуб ПУЛС во Кочани, за време на настапот на музичката група ДНК, на 16.03.2025 година. Пожарот резултираше со смрт на 59 лица, вклучувајќи 6 деца, и повреди на 197 лица, од кои 25 деца.

Се истражуваат и други лица кои, иако биле свесни за последиците од своите дејства или неделање, ги дозволиле настаните да се одвиваат, придонесувајќи за катастрофалниот исход.

Реклама

Меѓу осомничените се и тројца одговорни лица кои биле сопственици или управители на правното лице, на чија подружница е клубот. Според истрагата, објектот бил незаконски пренаменет во угостителски објект без исполнување на законските услови за тоа. Овие лица добиле лиценци за угостителска дејност, иако биле свесни дека клубот не ги исполнува пропишаните технички услови.

Првиот осомничен, во периодот од 13.02.2024 до 13.02.2025, се сомничи дека му дал паричен износ на службено лице во Министерството за економија за да му помогне да добие фалсификувана лиценца за угостителска дејност. За ова, се покрената обвиненија за примање поткуп против вработениот во Министерството.

Друга осомничена е сопственичка и управителка на правното лице, која за време на 2010 година, постапила по барање на осомничениот сопственик и му изготвила основен проект, знаејќи дека не постоеле законски услови за пренамена на објектот во кабаре.

Дополнително, се истражуваат и поранешни раководители од Министерството за економија, кои не постапиле согласно законските прописи и дозволиле продолжување на нелегалното работење на клубот.

Поранешен директор на Државниот пазарен инспекторат, заедно со инспектори, не извршиле контролни инспекциски надзори, со што овозможиле Клуб ПУЛС да продолжи со незаконска дејност.

Градоначалниците на Кочани, во периодот од 2012 до 2025 година, не ги исполниле своите правни обврски, што придонело за продолжување на нелегалната угостителска дејност на клубот, иако не биле исполнети условите за тоа. Општината продолжила да прима плаќања за угостителската дејност во овој период.

Министерството за внатрешни работи продолжува да истражува пропустите во текот на целиот период на работа на клубот.

Во врска со несреќата, еден од осомничените, одговорно лице во клубот, организирал концерт без формален договор со групата ДНК, овозможувајќи влез на повеќе од 650 посетители, вклучувајќи деца, иако објектот не бил безбеден. Осомничените не го спречиле внесувањето на пиротехнички средства кои го предизвикале пожарот.

Сите осомничени се обезбедени, а кочанското обвинителство бара притвор за нив, освен за трите лица кои се хоспитализирани.