Реклама

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Владата на Мицкоски со резултати кои го надминуваат 7-годишниот мандат на СДСМ и ДУИ

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Македонија

Отворена Амбасадата на Казахстан во Скопје, значаен чекор кон зајакнување на врските меѓу двете земји

Со свечена церемонија денеска во Скопје беше официјално отворена Амбасадата на Република…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со свечена церемонија денеска во Скопје беше официјално отворена Амбасадата на Република Казахстан во Македонија, со што се одбележа и 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Скопје и Астана.

Амбасадорот на Казахстан, Сатибалди Буршаков, во своето обраќање истакна дека отворањето на Амбасадата претставува историски момент во односите меѓу двете земји.

– Сведочиме историски момент во развојот на односите меѓуМакедонија и Казахстан, како што одбележуваме 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи. Изминатата година беше исполнета со активности и можам да кажам дека постигнавме заеднички резултати. Овој настан претставува значаен чекор кон зајакнување на врските на нашите земји, изјави Буршаков.

Реклама

Тој посочи дека соработката се продлабочува во повеќе сектори, вклучително и енергетиката, здравството и технологијата.

Како дел од активностите ги спомена и средбите со претседателката Гордана Силјановска-Давкова, министерката за енергетика Сања Божиновска и министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, како и иницијативите за регионална соработка со градовите Куманово и Караганда.

– Нашата споделена историја, бидејќи и двете земји се осамостоија во 1991 година, постави силна основа за партнерство кое продолжуваме да го градиме денес. Уверени сме дека пред нас се отвораат нови хоризонти и дека заедничките иницијативи ќе продолжат да ги зајакнуваат нашите односи, додаде амбасадорот.

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, ја поздрави одлуката на Казахстан да отвори резидентна Амбасада во Скопје, оценувајќи ја како „пријателски и позитивен чекор“.

– Во изминатите години сведоци сме на напредокот на нашиот политички дијалог, унапредувањето на економската соработка, како и зајакнувањето на меѓународната поддршка. Отворањето на резидентна Амбасада е јасен израз на посветеноста на двете земји да ја зајакнат комуникацијата, без разлика на географските разлики, рече Муцунски.

Настанот беше проследен од дипломатски претставници и гости од јавниот и приватниот сектор.