Реклама

5. издание на „Преку езерото“ – студентска работилница со Александар Русјаков

Наскоро целосно археолошки заштитена ќе биде црквата на локалитетот Кале кај Крупиште

Алфа тема: Дали младите бегаат од политиката или само бегаат од партиските поделби?

Што треба да се промени за врсничкото насилство да не стане секојдневие?

Фаризи за протестот на ДУИ во Тетово: Ја губат поддршката, се исплашија да протестираат пред Уставен, да не се најдат на црна листа на САД

Богдановиќ: СДСМ не ни сака да учествува во носење на Изборниот законик

Дукоски по последната пресуда од Стразбур за Атанасовски: Уште еден доказ за ударите врз правната држава

Продолжува филмската магија покрај Дојранското Езеро – по петти пат отворен „Преку езерото“

Димитриевски: Од луксузни јахти и летувалишта го блокираат Изборниот законик, а порано притискаа да се смени

Охридската гимназија добива целосно нов лик

Економскиот бенефит пред ниските удари: Финансии прифати амандман на Битиќи

Македонија треба да му плати 3,5 илјади евра отштета на Атанасовски

Економија

Отворен повикот за научни трудови за ПОДЕКС-ПОВЕКС 2026

Отворен е повикот за пријавување научни и стручни трудови за XVII-то стручно советување со меѓународно учество од областа на подземната и површинската експлоатација на минерални суровини, ПОДЕКС-ПОВЕКС 2026. По успешното минатогодишно издание, годинава се очекува уште посилно учество на претставници од академската заедница, рударската индустрија, институциите, регулаторната јавност и креаторите на политики од земјава како […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Отворен е повикот за пријавување научни и стручни трудови за XVII-то стручно советување со меѓународно учество од областа на подземната и површинската експлоатација на минерални суровини, ПОДЕКС-ПОВЕКС 2026.

По успешното минатогодишно издание, годинава се очекува уште посилно учество на претставници од академската заедница, рударската индустрија, институциите, регулаторната јавност и креаторите на политики од земјава како и еминентни меѓународни експерти и професори. Настанот ќе биде можност за стручна размена на знаења, презентација на научни истражувања, техничко-технолошки достигнувања и современи практики во рударството и геологијата.

Во фокусот на советувањето ќе бидат актуелните состојби во подземната и површинската експлоатација на минерални суровини, развојот на нови технологии, заштитата на животната средина, безбедноста при работа, управувањето со руднички отпад и отпадни води, рекултивацијата, законската регулатива, како и улогата на рударството во економскиот и технолошкиот развој.

Реклама

„Во време кога светската побарувачка за минерални суровини расте, а технологијата, енергетската транзиција и индустрискиот развој сè повеќе зависат од сигурно и одговорно обезбедување ресурси, ваквите стручни собири имаат особено значење. ПОДЕКС – ПОВЕКС е платформа каде што науката, индустријата и институциите можат заеднички да разговараат за решенија, предизвици и идни насоки за развој на рударско-геолошката дејност во Македонија и регионот“, велат од Организацискиот одбор.

Во рамки на советувањето се предвидени стручни трудови, дискусии, панел-сесии и keynote презентации на теми важни за развојот на современото, безбедно и одржливо рударство.

Крајниот рок за испраќање трудови е 25 август 2026 година, а информацијата за прифатените трудови ќе биде објавена на 1 септември 2026 година. Повеќе информации за начинот на подготовка и форматирање на трудовите се објавени на веб страницата https://www.zrgim.mk/

Организатор на советувањето е Здружението на рударските и геолошките инженери на Македонија, во коорганизација со Универзитетот „Гоце Делчев“, Факултет за природни и технички науки, Штип, и МАР, Македонска асоцијација за рударство.

Советувањето ќе се одржи на 30 и 31 октомври 2026 година во хотел „Гранит“ во Охрид.