Реклама

Димитриеска- Кочоска: Случувањата со Алта банка не се закана за банкарскиот систем

Евроамбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот на Европската комисија на премиерот Мицкоски

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

Македонија

Отворање мултимедијална читалница во НУБ „Св. Климент Охридски“

Во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје денеска ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје денеска ќе биде отворена новата мултимедијална читалница каде што ќе се одржи промоција на фототипните изданија од едицијата „НУБ за македонскиот јазик“. 

Како што информираат од НУБ „Св. Климент Охридски“, датумот за отворање на новата мултимедијална читалница е симболично избран поради роденденот на Крсте Петков Мисирков, една од најзначајните фигури за македонскиот јазик, а дополнително, како што велат, годинава се одбележуваат и 80 години од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик.

Во првиот дел од програмата ќе се обратат министерот за култура и туризам Зоран Љутков и директорот на НУБ, Јовица Никчевски, кој ќе ја претстави новата модерно уредена мултимедијална читалница на две нивоа, опремена со современа технологија, инвентар и онлајн пристап до електронски бази на податоци.

Реклама

Проектот за фототипните изданија ќе го презентира програмскиот директор Јовица Тасевски-Етернијан, а изданијата ќе ги промовира Симона Груевска-Маџоска, претседателка на Советот за македонски јазик и авторка на дел од предговорите.

Промоцијата ќе биде збогатена со читање извадоци од делото „За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков во интерпретација на Лина Станоева – Пума, како и со специјална изложба на оригинални публикации од фондот на НУБ.

Посетителите ќе може да видат редок примерок од „Речник од три јазика“ на Ѓорѓија Пулевски (1875), „За македонцките работи“ од 1903 година, примерокот од „Abecedar“ испратен во 1925 година во Друштвото на народите, „Буквар со читанка“ од 1945 година и првата „Македонска граматика“ на Круме Кепески од 1946 година.

Ќе бидат изложени и фототипните изданија со предговори од Весна Мојсова-Чепишевска, Симона Груевска-Маџоска, Елка Јачева-Улчар, Станислава Тофоска и Јованка Кепеска.