Реклама

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Прилози

Отпадот како ресурс, а не проблем

Отпадот не е само ѓубре, туку е ресурс од кој може да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Отпадот не е само ѓубре, туку е ресурс од кој може да се произведе некој друг ресурс, а со тоа да се создаде циркуларна економија. На депониите, според оваа економија, ќе се фрла само оној отпад кој не може да се рециклира – велат од Македонската асоцијација за управување со отпад. За таа цел, велат, треба што поскоро да се отворат регионалните центри за отпад, но и да се обучи кадар кој ќе може ефикасно да управува со нив.

„Прилично касниме со регионалните центри за отпад. Требаше да бидат завршени пред повеќе од една деценија, но сега е критично добар момент. Како држава имаме солидна поддршка од донатори и од Европската Унија. Управувањето со отпадот е инвестиција во здрава животна средина, за здравјето на граѓаните, а и за нашата економија“, изјави Михаил Матески.

Управувањето со отпадот, додаваат, е инвестиција во здрава животна средина, во здравјето на граѓаните, а и за нашата економија.

Реклама

„Најслаби сме во делот на комуналниот отпад и за таа цел мора да се подигне капацитетот на јавните комунални претпријатија, но фалат луѓе, знаење и оперативна техника. Со поддршка на државата, на Министерството, и ние како струка да фатиме чекор и да ги отвориме што побрзо регионалните центри за отпад и да го следиме трендот на европските држави“, изјави Михаил Матески.

Министерот за животна средина Муамет Хоџа вели дека овој систем треба конечно да стави крај на дивите депонии и застарениот начин на третман на отпад.

„Стотици илјади тони комунален отпад се создаваат на годишно ниво, а стапката на рециклирање и селекција е на многу ниско ниво. Затоа моделот на циркуларна економија е тој кој што и ќе го реши проблемот со отпадот, а и ќе биде извор на енергија“, изјави Муамет Хоџа – министер за животна средина.

Целта на денешната дискусија на Асоцијацијата за отпад е да се разменат искуства со експертите и претставниците на институциите, бизнис-секторот и академската заедница, за да се истакнат придобивките на циркуларната економија за економскиот развој на земјава, а и заштитата на животната средина и општеството.