Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Прилози

Откупувачите понудија пониски откупни цени од оние кои ги бараше Сојузот на тутунски здруженија за престојната реколта

Дестте откупувачи на тутун не ги прифатија откупните цени на тутунот за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дестте откупувачи на тутун не ги прифатија откупните цени на тутунот за престојната реколта кои им беа понудени од страна Сојузот на тутунски здруженија. Водејќи се според стариот Правилник за тутун, тутунарите бараа ценењето пак да биде по класи при што првата класа да се вреднува по 510 ден., втората – 450 ден. и третата класа да биде 390 денари, со што би се постигнала просечна откупна цена од околу 430 ден. Понудените цени на откупувачите пак, се движат од 412 до 420 ден. за првата класа, од 312 до 360 ден. за втората, од 250 до 300 ден. за третата и од 115 до 180 денари за дополнителната класа.

„Од овие бројки може да се заклучи дека најголемите компании ги дадоа најниските цени. Со ова не се сложивме и ова ни дава за право да мислиме дека и оваа реколта ќе биде со анекси на договорите и купување само во прва и втора класа, што за нас не е оправдано.Баравме ние да си ги поткренат цените нормално. Она што му го понудивме беше реална проценка, на класи да си оди и да си го купат тутунот во најдобар ред и квалитетот да се плати“, изјави Кире Ристески, претседател на Сојузот на тутунски здруженија.

Ристески објаснува дека нивните ингеренции како Сојуз, по однос на ова биле дотука. Но, бидејќи не се задовлни од понудените цени, сега тие ќе бараат да се врати стариот Закон кој бил укинат пред 7-8 години, а со кој компаниите се условени кога ќе можат да склучуваат договори.

Реклама

„Доколку највисоката асоцијација на тутунопроизводители достави негативно мислење за содржината на договорот, откупувачот е должен да го усогласи договорот според мислењето на највисоката асоцијација на тутунопроизводители во рок од пет дена. Бараме законска измена…Значи, без согласност на Сојузот да не можат да склучуваат договори“, посочува Ристески.

Освен овие барања околу откупните цени и договорите, Сојузот продолжува да бара и измена на членовите 43 и 47 од Законот за тутун, а кои се однесуваат на забраната за увоз на суров тутун додека целосно не заврши откупот, како и за полагањето за лиценци.

Инаку, откупот на тутунот од ланската реколта завршува утре, а веќе од понеделник започнува склучувањето на новите договори за годинашната реколта. Од Сојузот појаснуваат дека според Законот, тутунарите се обврзани во рок од еден месец да ги склучат договорите, а со кој откупувач ќе го направат тоа, останува да биде нивни личен избор.