Реклама

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Македонија

Откупувачите на ориз ја намалија цената за шест денари, исто колку што изнесува државната субвенција за производителите

Откупувачите на оризова арпа да покажат солидарност и родот од овогодинешната реколта…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Откупувачите на оризова арпа да покажат солидарност и родот од овогодинешната реколта да го откупуваат по разумна цена, алармираат оризопроизводителите од кочанскиот регион. Тврдат дека откупувачите ја злоупотребија новата владина мерка со која се предвидуват дополнителни  6денари за килограм арпа.

„Кога бевме во Министерството за земоделство, начално направивме договор, откупната цена да не е под производната односно 27 денари. Меѓутоа трговците, како и секоја година, тие 6денари што ги даде Министерството за земјоделство, за толку ја симнаа цената„ изјави Тони Максимов, од Националната мрежа на земјоделци.

„Јас епелирам до сите откупувачи, да бидат малку солидарни и  барем 1 до 2 да ја покачат откупната цена . Тогаш земјоделците ќе бидат задоволни . Со оваа динамика, очекувам 50% од овогодинешната реколта да остане. И благодарам на државата, вакви субвенции досега не сме имале. 6денари по 600кг, тоа се 3600 и редовните, со нив излегува околу 9денари по килограм„ изјави оризопроизводителот, Здравко Арсовски.

Реклама

Годинава е произведено  околу 24 илјади тони оризова арпа и според калкулациите на земјоделците се  претпоставува дека е откупено само 40% .. Поситните семиња се откупуваат по цена од 21 и 22 денари, додека за поедрите цената е малку повисока.

„Откупот е многу мал , дури може да се каже дека и нема откуп. Се уште калкулират со цените…. јас сметам дека барем треба да се држат до производната цена , 27денари за оризова арпа„ изјави Стојче Ташовски, од Националната мрежа на земјоделци.

Кон средината на февруари се очекува да започне откупот на ориз  за стокови резерви, а за да се ублажи кризата  минатата недела се донесе   нова мерка,  со која се предвидуваат субвенции од 6денари по килограм откупена арпа. Истата ќе биде со важност од 1ви ноември до 31 март 2025.