Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Прилози

Откупот на тутунот привршува, зголемен интерес за новата производна сезона

Околу 99 проценти од тутунот од ланската реколта е веќе откупен. А…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Околу 99 проценти од тутунот од ланската реколта е веќе откупен. А редовно се врши и исплатата од страна на 10-те лиценцирани откупувачи по просечна откупна цена од близу 420 денари. Станува збор за квалитетен и солидно платен род, велат тутунарите, што пак ги подгрева надежите дека годинашната реколта ќе бележи раст за 10-тина проценти зголемено производство.

„Годинава се откупени 26.072 милиони килограми. А за оваа година предвидуваме негде околу 28–29… За среќа на тутунопроизводителите, заради тоа што се задоволни од постигнатите цени – се купи тутунот без одбиток, 99 посто им е исплатен во целост, така што покрај субвенциите што ги има по килограм, ги има и субвенциите по површина и зелена нафта, така што ако ги земеме како заедничка мерка, негде доаѓа приближно како ланската година – 100 денари субвенција по килограм тутун“, изјави Кире Ристески, претседател на Сојуз на тутунски здруженија.

Откупот на тутунот законски завршува со крајот од месецов, по што ќе започне и потпишувањето на договорите за претстојната производна сезона, заради што периодов активно се преговараше и околу новите откупни цени.

Реклама

„Некни ги завршивме преговорите со сите откупувачи на тутун и ние излеговме со начелен заклучок и со наши цени кои во моментов што ги понудивме се 510 денари за прва класа, 460 за втора класа и 400 денари за трета класа. Тоа е под услов ако купуваат по класи. Меѓутоа, до 20.02. ќе треба да нè известат за цените. Ако не ги прифатат нашите цени и ако излезат со нивни цени, тогаш ќе сметаме дека и од наредната година ќе се откупува тутун само во прва класа“, дециден е Ристески.

Тутунопроизводителите новите договори ќе можат да почнат да ги склучуваат од први март и ќе бидат во согласност со претходно договореното околу откупните цени. Исто така, според Ристески, на последните средби во Министерството било разговарано и да се донесе календар за исплаќање на субвенции, кој би одел квартално, односно субвенциите да се исплаќаат на секои четири месеци, како би се избегнало доцнењето во исплатата, а што низ годините е честа појава, особено во сточарството, лозарството и овоштарството.