Реклама

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Македонија

Откриен еден од извршителите на убиството во Чашка, по другиот се трага

Основното јавно обвинителство Велес донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Основното јавно обвинителство Велес донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека бил соизвршител во кривично дело „убиство“ од член 123 став 1 од Кривичниот законик, за настанот на 5 ноември, во местото викано Поројница, во близина на земјениот пат од Чашка кон селото Бусилци, каде осомничениот заедно со уште едно лице кое се уште не е идентификувано, го лишиле од живот велешанецот Ѓело Ѓошев.

Како што информираат од Обвинителство, најпрво осомничениот го намамил и со својот автомобил го однел оштетениот на локацијата, а потоа заедно со другото лице пукале во него со огнено оружје, нанесувајќи му прострелна рана во черепот од која жртвата починала.

-Осомничениот претходно бил сторител на кривично дело разбојништво, а според дел од доказите кои веќе се обезбедени, по убиството во Чашка се обидел да ги прикрие трагите и со тоа да влијае на постапката. Од тие причини, за јавниот обвинител јасни се опасноста од бегство, можноста за влијание на сведоците и ризикот да го повтори делото, па достави предлог за определување мерка притвор, се вели во соопштението на ЈОРСМ. 

Реклама

По наредби на јавниот обвинител МВР интензивно работи на откривање и на другиот соизвршител, како и на точните мотиви за убиството.