Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Прилози

Осум кандидати за градоначалник на Битола – загадувањето на воздухот клучна тема на јавната дебата

Реорганизација на јавните комунални претпријатија, изградба на современи депонии, воведување на селекција…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Реорганизација на јавните комунални претпријатија, изградба на современи депонии, воведување на селекција на отпадот, набавка на модерни возила за собирање на сметот, поставување на повеќе мерни станици, изградба на паркови, намалување на бетонизацијата со многу повеќе зелени појаси во градот. Ова се само дел од предлозите на шест од вкупно осумте кандидати за градоначалник на Битола за намалување на долгогодишното екстремно загадување, а изнесени на Јавна дебата за вклучување на Зелената агенда во идниот развој на Битола.

Како најголем и најопасен загадувач, од сите присутни беше означен РЕК Битола, па сите кандидати ветуваат дека имаат план како да го решат тоа. Тони Коњановски од ВМРО- ДПМНЕ смета дека донесувањето на новиот Закон за ЛС, во многу ќе и’ ја олесни работатa на Грдската власт.

„Со нетрпение очекуваме новиот Закон за ЛС да ги зголеми ингеренциите и да се формира таа комунална инспекција или полиција. Има повеќе такви искуства на Балаканот во повеќе земји, и се надевам дека кога ќе се зголемат ингеренциите, претпоставувам ќе се решат некои работи.– посочи Тони Коњановски, кандидат за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата.

Реклама

На сличен став е и кандидатот од СДСМ, Методија Куновски, според кого еднакви контроли треба да има за сите загадувачи, особено на големите.

„Зголемени контроли на инсталациите за Б-еколошка дозвола, затоа што фактот дека РЕК Битола е број еден загадувач – стои, но кај Игралиштето кај Спортската сала имаме индустриски комплекси кои што одамна не се мониторирани, а постојат и многу други во градот, а надлежност е на Општина Битола, – кажа Методија Куновски, кандидат за градоначалник од СДСМ и Коалицијата.

Дел од присутните кандидати пак, својот фокус го ставија и на густиот сообраќај, отсуството на современ, незагадувачки јавен превоз, па дури тој да биде и бесплатен во одреден временски период.

„Ние можеме да донесеме колку сакаме мерки во текот на тој период кога е најзагаедно, меѓутоа доколку на граѓните не им обезбедиме бесплатен, функционален јавен превоз, ние не можеме да бараме да ги остават своите автомобили, бидејќи најголемиот дел од нив не можат да стигнат до работните места, до градинките, децата до училиштата, и.т.н.“ – посочи независната кандидадтка, Габриела Илиевска.

„Јас велам поставување прво на мерни единици за да видиме колкав е степенот на загадување на воздухот во Битола. Да имаме точна информација, мерни станици, значи и во Новаци, и во град Битола. Ако градоначалникот и Советот на општината бидат најгласни, во период од 10 години, јас мислам дека би се дошло до некое решение“, – истакна Мирјана Мирчевски од „Македонска ера Трета“.

Во однос на загадувањето во Битола, голем проблем е и отсуството на регуларна Депонија и на Центар за рециклажа, отпадот не се селектера, а застарен бил и возниот парк на комуналното претпријатие.

„Треба прво да се земе најдобрата технологијаво светот и да се изгради – не депонија, депонија нигде веќе не се гради. Се гради фабрика, фабрика каде што во таа фабрика не само што се селектира ѓубрето, туку и се произведуваат производи како електрична енергија“, – рече Јорго Огненовски од „Демократи“.

„Како ЛС може да се справи со дивите депонии? Со видео-надзор кој што ќе биде искористен на секоја јавна површина, на секое потенцијално место каде што би имало дива депонија. Со тој видео-надзор ќе раководи посебно одделение, посебна служба од млади луѓе кои што 24 часа ќе бидат мониторирани“, – ветува Зоран Николовски, независен кандидат.

На Јавната дебата не се појавија уште двајцата кандидати за градоначалници, Ќире Димов од ТМРО, според кого, решението за загадувањето на Битола е со заменувањето на азбестните цевки и покриви низ градот, и со поставување на над 20 дигитални мерни единици за мерење на загаденоста на воздухот, како и еколошка такса која би ја плаќале големите загадувачи. А додека вториот кандидат, независниот Васко Деловски, нема изнесено своја програма со која настапува на изборите.