Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Осум кандидати сакаат да бидат градоначалник на градот на конзулите

Осум кандидати се борат за функцијата градоначалник на Битола, четворица предложени од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Осум кандидати се борат за функцијата градоначалник на Битола, четворица предложени од политички партии и четворица од група избирачи односно како независни. Очекувањата се дека во градот под Пелистер најинтересна ќе биде битката помеѓу кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Коњановски, кој како актуелен градоначалник ќе се бори за втор мандат и на некој начин е и фаворитот на битолчани, и предлогот на СДСМ – Методија Куновски, актуелен претседател на битолската ОО на СДСМ и доскорешен портпарол на РЕК Битола.

 „Зад себе оставам мандат со четири години посветена работа, период во кој сите заедно бевме сведоци дека Битола живееше во ритамот на градењето. Се градеше насекаде, од централното градско подрачје до најоддалечените рурални места. Се работеше на јавните објекти, топлификацијата, инфраструктурата, културата, спортските објекти, се изградија патишта од над 50 км, и се’ уште се гради...(1.00 мин.) Поставивме цврсти темели врз кои ќе може да се надоградува една модерна, урбана, чиста и динамична Битола“, – изјави Тони Коњановски, кандидат за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата.

„Како иден градоначалник гледам на угостителите и хотелиерите како на вистински партнери во развојот на градот. Стојам целосно на располагање да разговараме и заеднички да ги решаваме сите проблеми кои го засегаат овој сектор, од нелојалната конкуренција и дивоградбите до инфраструктурата , комуналните трошоци и проблеми и поддршката генерално за туризмот. Секое решение ќе го бараме заедно, но секогаш во интерес на општото јавно добро и фер услови за сите“, – – вели Методија Куновски, кандидат за градоначалник од СДСМ и Коалицијата.

Реклама

Останатите кандидати за градоначалник се: Ќире Димов од ТМРО и Јорго Огненовски од Демократи Скопје, но и Габриела Илиевска, Васко Деловски, Зоран Николовски како независни кандидати, заедно со  Мирјана Мирчевски која е поддржана и од Македонска Ера Трета.

„Би се залагала за почист воздух, за Депонијата да се стопира, да не биде 18-општинска, значи да се рециклира, нови камиони и да се намалат долговите во овие јавни претпријатија, како Водовод, а немаат вода“ – порача Мирјана Мирчевски, независен кандидат и поддржана од Македонска Ера Трета.

Битолчани пак, главно се задоволни од досега сработеното, иако, како што велат, има уште доста работа во Битола. Загадениот воздух, комуналната хигиена, дивите депонии, бездомните кучиња, Јавниот градски превоз, се само дел од проблемите за кои тие бараат итно решавање.

Каролина Дурло