Реклама

Мора да има широка дебата: Нов Кривичен законик, нова шанса да се исправи катастрофата оставена од СДСМ и ДУИ

Нов удар за „СДСМ“: Триесеттина членови од OO Ѓорче Петров преминаа во „ЗНАМ“

Ива Михаилова тајно снимена: Закани, притисоци, услови- бегалката мора да игра по нотите на бугарските тајни служби

Штипската брза помош доби три амбулантни возила со современа медицинска опрема

Од илјадници стада до напуштени пасишта – Галичица се соочува со природна промена

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Свет

VOA: САД предупредуваат на ескалација ако продолжат нападите на исламските групи приврзаници на Иран

„Ако ова не престане, тогаш ќе одговориме“, рече секретарот за одбрана на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Ако ова не престане, тогаш ќе одговориме“, рече секретарот за одбрана на САД, Лојд Остин.

Секретарот за одбрана Лојд Остин ги предупреди милитантните групи поддржани од Иран и изрази загриженост за осудата дека минатонеделниот воен одговор на САД на нападите во Ирак и Сирија не бил доволно силен.

„Ако немаме веродостојно, не само одвраќање, туку веродостојно одвраќање со Иранците, овие напади ќе ескалираат. Ќе дојдат побрзо. Тие ќе се прошират надвор од Сирија и Ирак и ќе вклучат оружје со зголемена софистицираност и законитост. Тоа е мојот најголем страв“, рече републиканецот Марко Рубио.

Реклама

Стотици други војници се распоредени во регионот, заедно со одбранбениот систем Патриот како и терминалниот одбранбен систем со поголем дострел.

Ударната група на носачи на авиони се упати кон Заливот, додека втората ударната група носач на авиони се движи по источниот Медитеран.

Илјадници маринци на американски јуришни бродови патролираат во близина на Израел.

Американскиот маринец генерал Ерик Смит, изјави за Гласот на Америка дека воените сили се таму за заштита и одвраќање, а не да влезат во Газа.

„Нема намера да има американски воен персонал на теренот во Газа. Тоа не е ништо за што како член на Здружените началници сум подготвен да зборувам или за што воопшто сум разговарал. Ние сме таму за да обезбедиме, во тој регион да се осигураме дека американските граѓани се безбедни и дека оваа криза нема да се прошири или ескалира“, рече американскиот генерал Ерик Смит.

За оние кои се обидуваат да го прошират конфликтот и да ги таргетираат американските трупи, Смит го даде ова предупредување:

„Ако станеме ваша мета, некој друг ќе ги израсне вашите деца. И, тоа не е шега. Тоа не е дрскост. Така размислуваат маринците“, додаде Смит.

Јованчо Наумоски, Глас на Америка – Вашингтон