Реклама

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Свет

Орбан: Унгарија им помага на САД подобро да ги разберат ситуацијата во Европа и конфликтот во Украина

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека земјата им помага на САД…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека земјата им помага на САД подобро да ги разберат ситуацијата во централна Европа и конфликтот во Украина со цел да се олесни мирното решение.

Коментирајќи ја посетата на американскиот државен секретар Марко Рубио на Будимпешта, Орбан оцени дека посетата им била од помош на САД.

„Америка е далеку, централна Европа е комплицирана, тешка за разбирање, а перспективата на војната е сосема поинаква отколку од тука. Се обидувам да им помогнам на Американците обидувајќи се да им дадам поинаква перспектива, поблиска, поширока, поисториска, подлабока, за да може да донесуваат добри одлуки во мировниот процес“, рече Орбан во видеопорака на „Фејсбук“.

Реклама

Американскиот државен секретар, вчера, за време на посетата на Будимпешта, изјави дека односите меѓу САД и Унгарија се во златна фаза и се темелат на солидна соработка, која не е само реторичка, туку и конкретна во областите на економијата и енергетиката.

Тој потсети на блиските врски меѓу Орбан и американскиот претседател Доналд Трамп и рече дека Трамп е посветен на Унгарија и нејзиниот успех.

Рубио го повтори ставот на САД дека една од клучните цели е што побргу да се заврши војната во Украина додавајќи дека САД ја презеле иницијативата за водење преговори меѓу Русија и Украина, а другите меѓународни институции не успеале да постигнат напредок во таа насока.