Реклама

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Разбиена терористичка келија на ИСИС – уапсени петмина кои планирале напади

Клековски: Ќе постапам за случајот со непотребните операции на срце кога ќе добијам безбедносен сертификат

Мицкоски: Енергетски сме стабилни, а инфлацијата е за 50% пониска од онаа во ЕУ

По децении чекање: Камен темелник за „Чебрен и Галиште“ следната година

Мицкоски: Македонија ќе ја прилагодува надворешната политика кон новите европски трендови

Мицкоски: Утре ќе биде отворен реновираниот студентски дом „Стив Наумов“, инвестициите во образованието се огромни и приоритет на Владата

Мицкоски: Во судството имаме измеќарско малцинство коешто им слугува на СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Марихуана-политиката и „Стабри“-здравството беа понудата на Филипче, наспроти дата-центрите и развојот којшто мора да се случи во државата

Мицкоски: Со модернизацијата на хидроелектраните ќе го зголемиме производството на обновлива енергија

Мицкоски: Поранешната влада сама прифатила за услов промена на Уставот, сега ние се бориме за подобри позиции

Мицкоски: Овие од СДСМ што се против рудници нека ги прашаат граѓаните на Крива Паланка што мислат за антимонот — и нивниот градоначалник го поддржува проектот

Свет

Орбан со порака до Зеленски: Не можете да не заплашите!

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска му порача на украинскиот претседател Володимир Зеленски…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска му порача на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека Унгарија нема да биде заплашена.

„Унгарија нема да биде заплашена. Претседателите доаѓаат и си одат, личните навреди можат да се случат, но достоинството на Унгарија е нешто за кое не може да се преговара. Претседателот на Украина, Зеленски, треба да го запомни тоа“, нагласи Орбан.

Во четвртокот тој го критикуваше Зеленски за неговиот говор на Светскиот економски форум во Давос, во кој, како што велат од Будимпешта, Зеленски „повторно ја нападнал унгарската влада и лично Орбан“.

Реклама

„Зеленски вели дека поддршката испратена до Украина е недоволна, оружјето е недоволно и дека решителноста на Европа е недоволна. Не мораше долго да чекаме одговор од Брисел. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, презентираше патоказ за развој на Украина. Во него, Брисел го прифати секое украинско барање – 800 милијарди долари за Украина, забрзан пристап во ЕУ до 2027 година и понатамошна поддршка до 2040 година“, рече Орбан.

Според него, Зеленски „поставил сè погрешно“, но дека Брисел е „подготвен да плати“. „И за тоа ќе кажеме неколку зборови. Доаѓа национална петиција, со која можеме да испратиме јасна порака до Брисел: нема да плаќаме“, заклучи Орбан.