Реклама

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Свет

Орбан ги обвини лидерите на ЕУ дека се договориле со Зеленски за продолжување на војната

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска ги обвини европските лидери, предводени од Урсула…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска ги обвини европските лидери, предводени од Урсула фон дер Лајен, дека вчера се договориле со претседателот на Украина, Володимир Зеленски, за продолжување на војната.

„Ова се лоши вести за Европа. Се продолжува војна за која очигледно нема решение на фронтот, но која подразбира страшни разурнувања. Околу 35.000 луѓе умираат или остануваат осакатени секој месец, додека линиите на фронтот едвај се поместуваат, оставајќи стотици илјади вдовици, сирачиња и мајки кои ги оплакуваат своите синови. Тоа е она што Брисел го поддржува“, се наведува во објава на Орбан на Фејсбук.

Орбан констатираше дека се „горат“ стотици милијарди евра „за ништо“ и додаде дека војната во Украина не ја осакатува Русија, туку Европа. Тој исто така предупреди дека конфликтот создава ризик од нуклеарен судир и соочување на Европа со нуклеарна сила.

Реклама

„Би нè вовлекле и нас во тоа ако им дозволиме“, нагласи Орбан и го обвини лидерот на унгарската опозициска партија „Тиса“, Петер Маѓар, дека минатата недела во Минхен потпишал таен пакт со бриселските лидери со германска помош.

„Тој би ја одвоил Унгарија од евтината нафта и гас. ’Тиса‘ во енергетската војна застана на страната на Украина, а не на Унгарците. Унгарија мора да остане надвор од ова. Унгарската влада мора да ја зачува безбедноста на Унгарија. Ние тоа ќе го постигнеме“, наведе Орбан и додаде дека договорот на лидерот на „Тиса“ се држел во тајност за Унгарците да не ја дознаат вистината пред изборите.