Реклама

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Свет

Орбан: Европа треба да избере помеѓу мировната иницијатива на Трамп и европско-руски конфликт

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека војната помеѓу Русија и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека војната помеѓу Русија и Украина е на „историска пресвртница“, а американскиот претседател Доналд Трамп „не се откажал од својата намера да донесе мир во Украина“.

Според Орбан, Европа сега се соочува со „два можни пата“.

– Можеме да се вратиме од овој ќорсокак и конечно да се обединиме зад мировната иницијатива на претседателот Трамп, вклучувајќи ги и бирократите од Брисел. Тоа би барало од лидерите, кои се залагаат за војна, да се соочат со фактот дека во изминатите 3,5 години ги трошат тешко заработените пари на Европејците за војна, која не може да се добие на бојното поле, истакна Орбан.

Реклама

Тој додаде дека другата опција води „директно во војна“ помеѓу Европа и Русија.

– Ако европските лидери кои се залагаат за војна продолжат да испраќаат пари и оружје во Украина без поддршка од САД, тие ќе го отворат патот кон европско-руски конфликт. Европа многу добро знае каде води тој пат, а последиците отсекогаш биле трагични, посочи Орбан.

Тој потенцира дека Унгарија го избира патот кон мирот.

– Ова е мандат што ни го даде унгарскиот народ, а диктира морал и здрав разум. Денеска, во тој дух, испраќам писмо до претседателката на Европска комисија (Урсула фон дер Лајен), наведе Орбан.