Реклама

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Разбиена терористичка келија на ИСИС – уапсени петмина кои планирале напади

Клековски: Ќе постапам за случајот со непотребните операции на срце кога ќе добијам безбедносен сертификат

Мицкоски: Енергетски сме стабилни, а инфлацијата е за 50% пониска од онаа во ЕУ

По децении чекање: Камен темелник за „Чебрен и Галиште“ следната година

Мицкоски: Македонија ќе ја прилагодува надворешната политика кон новите европски трендови

Мицкоски: Утре ќе биде отворен реновираниот студентски дом „Стив Наумов“, инвестициите во образованието се огромни и приоритет на Владата

Мицкоски: Во судството имаме измеќарско малцинство коешто им слугува на СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Марихуана-политиката и „Стабри“-здравството беа понудата на Филипче, наспроти дата-центрите и развојот којшто мора да се случи во државата

Мицкоски: Со модернизацијата на хидроелектраните ќе го зголемиме производството на обновлива енергија

Мицкоски: Поранешната влада сама прифатила за услов промена на Уставот, сега ние се бориме за подобри позиции

Мицкоски: Овие од СДСМ што се против рудници нека ги прашаат граѓаните на Крива Паланка што мислат за антимонот — и нивниот градоначалник го поддржува проектот

Свет

Орбан: ЕУ се дави во корупција

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека Европската Унија се дави во корупција,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека Европската Унија се дави во корупција, коментирајќи ја истрагата за наводни злоупотреби во проект финансиран од ЕУ за обука на млади дипломати. „Комесарите се соочуваат со сериозни обвиненија, Комисијата и Парламентот се опфатени со скандали, а Брисел и понатаму држи лекции по морал“, напиша Орбан на социјалната мрежа Икс. Неговата реакција следува откако белгиската федерална полиција во вторникот, на барање на Европското јавно обвинителство ги приведе поранешната шефица на европската дипломатија Федерика Могерини, висок член на Колеџот на Европа во Бриж, и висок функционер на Европската комисија. ЕППО соопшти дека истрагата се однесува на тоа дали доверливи критериуми за избор на учесници во ЕУ Дипломатската академија – деветмесечна програма за млади дипломати доделена на Колеџот во периодот 2021–2022 – биле незаконски споделувани пред објавата на тендерот. Орбан напиша и дека „корупцијата во Украина треба да биде јавно посочена од ЕУ, а не Брисел и Киев да се штитат меѓусебе. Минатиот месец украинските антикорупциски институции открија масовна корупциска шема во енергетскиот сектор, со злоупотреби од најмалку 100 милиони долари, особено поврзани со државната компанија Енергоатом, што доведе до серија оставки, меѓу кои и на министерот за енергија и на шефот на кабинетот на претседателот Володимир Зеленски.