Реклама

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Градежништвото ја движи економијата, Николоски не исклучува растот да ја надмине проекцијата на ММФ

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Меѓународна потерница и 30-дневен притвор: Доколку Ива Михаилова стапне во Македонија, веднаш оди зад решетки

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Македонија

Општина Свети Николе отвори повик за Фонд за климатска акција на младите

Општина Свети Николе го отвори повикот за „Фонд за климатска акција на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Свети Николе го отвори повикот за „Фонд за климатска акција на младите“, дел од глобалната програма Bloomberg Philanthropies Youth Climate Action Fund. Преку повикот, младите од 15 до 24 години од Свети Николе можат да предложат свои идеи за локални климатски иницијативи и да добијат поддршка од 1.000 до 5.000 долари за нивна реализација. Целта е младите директно да се вклучат во создавање решенија за климатските предизвици со кои што секојдневно се соочуваат во својата заедница – од штедење на вода и електрична енергија и намалување на отпадот, до повеќе зеленило, подобри јавни простори и поголема отпорност на климатските ризици.

Градоначалникот на општина Свети Николе, Дејан Владев, истакна дека програмата отвора простор младите да бидат активен дел од развојот на заедницата.

-Младите имаат идеи, енергија и волја да направат вистинска промена во својата заедница. Со овој повик им даваме можност тие идеи да станат реални иницијативи преку кои ќе се реализираат активности од исклучителна важност за нашата заедница- рече Владев.

Реклама

За учество е потребен тим од најмалку двајца – млади на возраст од 15 до 24 години. Младите ја развиваат и ја водат проектната идеја, додека апликацијата треба да се поднесе преку регистрираната партнер-организација: здружение (НВО), училиште, младински клуб или јавна институција. Ивица Арсов, Службеник за млади во Општина Свети Николе, нагласи дека во текот на повикот младите ќе имаат можност да добијат практична поддршка за развивање на своите идеи и подготовка на апликациите.

-Не очекуваме младите да дојдат со готов проект. Важно е да имаат интерес и желба да направат нешто во својата заедница. Преку инфо-сесија и работилници ќе им помогнеме на младите детално да ја разработат идејата, да формираат тим и да подготват иницијатива што може да се спроведе- истакна Арсов.

Тој појасни дека поддршката ќе се одвива во три чекори на 10 септември ќе има инфо-сесија, на која младите ќе можат да се запознаат со условите, тематските области, начинот на учество и можностите за поддршка. На  21 септември ќе има работилница за развој на проектни идеи и активности, на која учесниците ќе работат на предизвикот што сакаат да го решат, преку развој на идејата за иницијатива и конкретните активности и на  5 октомври ќе има подготовка на проектната апликација, со практична работа на целите, резултатите, активностите, буџетот и останатите делови од апликацијата. Повикот е отворен до 15 октомври 2026 година, до 18:00 часот, а сите услови, приоритетни теми, документи и информации за повикот се достапни на: youthclimatefund.svetinikole.gov.mk