Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Економија

Општина Струмица ги тампонира и одржува полските патишта во село Куклиш

Општина Струмица продолжува со уредување на руралната патна инфраструктура. Денеска, градежна механизација беше ангажирана на тампонирање и одржување на полските патишта во населеното место Куклиш, со што директно се олеснува пристапот до земјоделските површини за локалните земјоделци, соопштија од локалната самоуправа. Се наведува дека во рамките на овие активности екипите на терен извршиле порамнување и […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Струмица продолжува со уредување на руралната патна инфраструктура. Денеска, градежна механизација беше ангажирана на тампонирање и одржување на полските патишта во населеното место Куклиш, со што директно се олеснува пристапот до земјоделските површини за локалните земјоделци, соопштија од локалната самоуправа.

Се наведува дека во рамките на овие активности екипите на терен извршиле порамнување и тампонирање на клучни земјоделски делници кои се од  значење за непречено одвивање на земјоделските работи.

-Овие инфраструктурни зафати се реализираат како конкретни посочувања на земјоделците и програмата за работа, а градоначалникот Петар Јанков оствари и директни средби и разговори со жителите на Куклиш, дискутирајќи за нивните потреби и начините на кои локалната самоуправа може дополнително да им ја олесни секојдневната работа и транспорт на земјоделските производи, стои во соопштението.

Реклама

Се додава дека подобрувањето на полските патишта претставува директна поддршка за земјоделството како една од најважните стопански гранки во регионот, а активностите за тампонирање ќе продолжат и во наредниот период.