Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Економија

Општина Македонска Каменица продолжува со инвестиции во патната инфраструктура, рехабилитиран пат во Костин Дол

Општина Македонска Каменица продолжува со реализација на инфраструктурни проекти насочени кон подобрување на патната мрежа во населените места, со цел обезбедување поквалитетни услови за живот и побезбедно одвивање на сообраќајот. Во својата објава на Фејсбук, градоначалничката Соња Стаменкова денес информираше дека во село Костин Дол успешно се завршени активностите за санација на оштетувањата на коловозот, […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Македонска Каменица продолжува со реализација на инфраструктурни проекти насочени кон подобрување на патната мрежа во населените места, со цел обезбедување поквалитетни услови за живот и побезбедно одвивање на сообраќајот.

Во својата објава на Фејсбук, градоначалничката Соња Стаменкова денес информираше дека во село Костин Дол успешно се завршени активностите за санација на оштетувањата на коловозот, рехабилитација и асфалтирање на дел од локалниот пат во должина од 220 метри.

Според неа, со реализацијата на овој проект значително се подобруваат условите за безбедно движење на возилата и пешаците, но и секојдневното функционирање на жителите на селото.

Реклама

Истовремено, започнати се и градежните работи за изградба на патот кон месноста Папурица, проект кој локалната самоуправа го оценува како особено значаен за подобрување на пристапноста и создавање подобри услови за развој на овој дел од општината.

Покрај тековните активности, од Општината најавуваат и нови инвестиции во патната инфраструктура. Во тек се подготовките за распишување јавна набавка за реконструкција на патниот правец од влезот во село Луковица до маало Чорбаџиите, со што дополнително ќе се подобри поврзаноста меѓу населените места и ќе се овозможат поквалитетни услови за движење на жителите.

-Рамномерниот развој на сите населени места останува наш приоритет. Продолжуваме одговорно, домаќински и посветено да инвестираме во проекти што носат конкретни резултати и трајни придобивки за граѓаните на Општина Македонска Каменица- истакнува Стаменкова во објавата на фејсбук.

Од локалната самоуправа посочуваат дека инвестициите во патната инфраструктура ќе продолжат и во наредниот период, како дел од стратешките определби за подобрување на условите за живот, зголемување на безбедноста во сообраќајот и рамномерен развој на сите урбани и рурални средини во општината.