Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

Општина Илинден го пушти во употреба реконструираното повеќенаменско игралиште при ООУ „Ристо Крле“ во Мралино

Општина Илинден го пушти во употреба реконструираното повеќенаменско игралиште при ООУ „Ристо…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Илинден го пушти во употреба реконструираното повеќенаменско игралиште при ООУ „Ристо Крле“ во населеното место Мралино, современ спортско-рекреативен терен кој значително го менува изгледот и функционалноста на просторот и создава нов центар за спорт, дружење и активен живот на младите, соопшти Општината.

Во рамки на реконструкцијата, се додава во соопштението, извршена е целосна обнова на спортскиот терен, поставена е нова заштитна ограда, нови голови за мал фудбал и нова јутена мрежа, осветлувањето е модернизирано со современи ЛЕД светилки што овозможуваат користење на теренот и во вечерните часови.

Од Општината додаваат дека дополнително, поставена е висококвалитетна вештачка трева и мини трибина за посетителите и љубителите на спортот.

Реклама

-Со реконструкцијата на ова игралиште овозможуваме современ, безбеден и функционален простор каде младите ќе можат активно да спортуваат, да се рекреираат и да го поминуваат слободното време во квалитетна средина – изјавил градоначалникот на Илинден, Александар Георгиевски.

Општина Илинден, се додава во соопштението и во наредниот период ќе продолжи со реализација на проекти за изградба и реконструкција на спортски терени и игралишта и во останатите населени места, потврдувајќи дека поддршката на спортот и младите останува еден од врвните приоритети на локалната самоуправа.