Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Општина Гевгелија организира новогодишна забава на Градскиот плоштад

Општина Гевгелија и годинава подготвува новогодишна забава на Градскиот плоштад, каде на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Гевгелија и годинава подготвува новогодишна забава на Градскиот плоштад, каде на 31 декември со почеток во 20:30 часот ќе биде организиран спектакуларен дочек на Новата 2026 година под мотото „Новогодишна магија“, а граѓаните и гостите ќе уживаат во богата музичка програма, специјални сценски настапи и празнична атмосфера, соопштија од локалната самоуправа.

Главна ѕвезда на новогодишната вечер ќе биде македонска музичка икона-Владо Јаневски, кој заедно со својот бенд ќе го донесе препознатливиот балкански шарм и емоција на сцената.

Покрај Јаневски, во музичка програма за дочекот на Новата 2026 година ќе учествуваат „Ситуација бенд“ и „Либра бенд“, за доброто расположение и подигање на атмосферата ќе се погрижи стенд уп урбаната легенда, Дејан Малзарков- Диверзија, а водител ќе биде Никола Опров.

Реклама

Посетителите ќе имаат можност да уживаат во празнично украсениот плоштад, богата светлосна сценографија и музика која ќе ги води во најрадосните мигови од годината.

Општина Гевгелија ги повикува сите граѓани, но и гостите од регионот, заеднички да ја поздрават Новата 2026 година во позитивна и весела атмосфера.

Според градоначалникот Андон Сарамандов, Гевгелија заслужува да биде урбано место со богата музичка содржина преку целата година, а традицијата треба да се негува. Тој ги покани граѓаните заедно да ја дочекаат новата година.