Реклама

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Македонија

Општина Делчево го започнува процесот на креирање на Буџетот за 2026 година со прва форумска сесија

Општина Делчево во четврток, на 13 ноември 2025 година, ќе ја одржи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Делчево во четврток, на 13 ноември 2025 година, ќе ја одржи Првата форумска сесија за креирање на Буџетот за 2026 година. Настанот ќе се одржи во мултифункционалниот центар во Спомен-домот АСНОМ, со почеток во 12:00 часот.

Како што информираат од Општината, Буџетскиот форум претставува отворен процес во кој граѓаните директно учествуваат во креирањето на општинските приоритети и насоките за развој во наредната година.

-Вашето учество е од исклучително значење, бидејќи како активни чинители во заедницата, треба да придонесете со идеи, предлози и ставови кои ќе помогнат во креирањето на Буџетот на Општина Делчево за 2026 година, се наведува во поканата од Општината.

Реклама

На форумот ќе бидат презентирани реализацијата на Буџетот за тековната 2025 година (заклучно со третиот квартал), структурата на буџетот и плановите за следната година. Присутните ќе можат да дискутираат и предлагаат приоритети за развој во области како што се инфраструктура, култура, спорт, образование и граѓански сектор.

Според најавата, настанот ќе го отвори градоначалникот Иван Гоцевски, кој ќе им се обрати на присутните со воведно обраќање.

Форумската сесија ќе трае до 15:00 часот, а ќе заврши со утврдување на следните чекори и терминот за наредната форумска средба.

-Како одговорна Општина, го слушаме гласот на граѓаните и постапуваме за реализација на нивните приоритети. Нашата цел е единствена – задоволни граѓани во урбана и модерна општина, изјави градоначалникот Гоцевски