Реклама

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Македонија

Општествена одговорност: Градоначалникот на Пласница делеше маски на граѓаните

10 000 заштитни маски и ракавици, донирани од градоначалникот Исмаил Јахоски, мобилни…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

10 000 заштитни маски и ракавици, донирани од градоначалникот Исмаил Јахоски, мобилни тимови денеска ги поделија во Општина Пласница. Дополнително, на сите ранливи групи, стари и изнемоштени лица, хронично болни и семејства на лица со попреченост, ќе им биде донирана помош во прехранбени производи и тоа ќе биде континуитет додека трае состојбата со корона вирусот.

  • “Мора сите да придонесуваме за намалувањето на ширењето на корона вирусот. Ова не е донација туку помош во моменти кога најмногу треба да се помогне. Важно е сите да сме свесни и одговорни и да седиме дома, намалувајќи ги социјалните контакти на минимум. Мора да се почитуваат препораките за доброто на сите, пред се за доброто на нашите најблиски. Сега треба да помогне кој колку може, а самите помагаме ако ги почитуваме мерките и препораките на Министерството за здравство и Владата”, изјави градоначалникот Јахоски.

Градоначалникот Јахоски донираше 10 000 маски и ракавици и за жителите на Општина Долнени и уште 7 000 за жителите на Општина Македонски Брод, вклучително и во Здравствениот дом. Повикува сите локални самоуправи да бидат самосвесни и максимално што можат да ги помогнат граѓаните.

Викторија Миткова

Реклама