Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Операција „Филтер“: Падна организирана група за шверц на цигари

Се истоварале во Македонија, а биле пријавени само за транзит. Камиони полни…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Се истоварале во Македонија, а биле пријавени само за транзит. Камиони полни со цигари кои требало да бидат испорачани во Србија и Молдавија се празнеле за македонскиот пазар.. Шемата била толку добро разработена што оперирала две ипол години, а во Македонија во промет биле пуштени речиси 70 милиони парчиња цигари. За нив во државава не било платено ниту денар, а штетата е 6 милиони евра.

Царината, Бирото за јавна безбедност и ОЈО за ГОКК, разбија група за криумчарење цигари која со меѓународен канал делувала од јануари 2024 до јуни 2026 година.

Со потплатени цариници и полицајци, преку шпедиција, на транспортна и фирма за увоз им било овозможено за камионите да минуваат низ границата без никакви контроли и без да платат никаква давачка.  

Реклама

Цигарите во Македонија влегувале преку повеќе добро разработени шеми. Во еден случај, товарот бил истоваруван во земјава, додека при излезот камионите лажно биле евидентирани како сè уште полни. Во друг случај, возилата воопшто не биле регистрирани при влезот, туку ги заобиколувале царинските контроли и непречено влегувале во земјата.

Сомнежите не се однесуваат само на шверцери — истрагата опфаќа и лица од институциите задолжени да го спречат. Досега се поднесени кривични пријави против 18 лица, меѓу кои тројца полициски службеници и четворица цариници, како и против три фирми.

Информациите за акцијата надлежните ги дознале по размена на податоци со другите царински управи.

  • „Рамката временска, во која се работеше оваа истрага, беше приближно една година. Се работи за долг временски период, бидејќи се работи за една комплексна и сложена операција која што бара прибирање голем број докази и нивно анализирање “ рече Влатко Лакордов – Помошник директор во Царинската управа

Според директорот на Царинската управа, Бобан Николовски ваква крупна акција за спречување шверц на цигари не е забележана од осамостојувањето на државата.

  • „Со ова пренесуваме порака дека за Царинската управа нема и нема да има недопирливи. Секој за кој ќе се утврди дека ги прекршил законите или ги злоупотребил службените овластувања ќе биде предмет на соодветна постапка пред надлежните институции, без оглед дали станува збор за економски оператор, физичко лице, а особено службено лице “ –  рече Николовски.

Претреси биле направени на 23 локации, а уапсени се 13-мина. Четворица цариници, двајца полицајци, двајца возачи и петмина други, додека тројца кои биле надвор од државата пријавиле дека ќе се предадат на органите на прогонот по враќањето во Македонија.

Истрагата која ја води обвинителството се однесува за „криумчарење“, „царинска измама“, „несовесно работење во служба“ и „злоупотреба на службена положба и овластување“, „компјутерска измама“, како и за „избегнување на плаќање на акциза“.